Хенри Мортон Стенли: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Тој во [[1871]] година се прославил со „''спасувањето''“ на шкотскиот истражувач [[Дејвид Ливингстон]], за кого погрешно се верувало дека се изгубил во [[Африка]]. До [[1889]] година повеќе пати патувал во Африка при што ги открил езерата Албертово, Едвардово и Леополдово, како и планинскиот масив Рувензори, а вршел и испитување на голем дел од басенот на реката Конго.
 
Кога наполнил 15 години заминал во Њу Орлеанс, САД каде се спријателил со богатиот трговец Стенли. По воената обука учествувал во Американската граѓанска војна на двете страни. Во тоа време започнал да се занимава со новинарство, каде станал еден од најблиските соработници на Џејмс Гордон Бенет, основач на Њујорк Хералд. Неговиот син во 1869 година го замолил на Хенри Стенли да го пронајде шкотскиот мисионер Дејвид Ливингстон, за кој се знаело дека се наоѓа во Африка но за него се немало слушнато долго време.
 
Така, во 1871 година, по налог на сопственикот на "Њујорк Хералд" Џејмс Гордон Бенет, Стенли се упатил во потрага на [[Дејвид Ливингстон]] во [[Централна Африка]]. Експедицијатата целосно била финансирана од новинскиот магнат, но главната причина за организирањето и спроведувањето на експедицијата била рекламирањето и зголемувањето на тиражот на весникот, кои целосно биле оправдени подоцна. На [[21 март]] [[1871]] заминал на запад во [[Источна Танзанија]]. Пристигнал во [[Табора]], но разбрал дека директниот пат кон езерото Танганика бил отсечен поради востанието на локалните племиња против арапските робови, поради што експедицијата прави голема заобиколување од југоисток и југ. На 6 º ю.ш. и 34 º источна географска должина врти на запад-југозапад и продолжил кон реката Угала. На [[10 ноември]] пристигнал во Уџиџи, каде што го најдел Дејвид Ливингстон и до февруари 1872 учествувал во неговите истражувања. Во март во Табора, Стенли се разделил со Ливингстон, ги зел неговите писма и дневници и заминал за [[Европа]]. Кога по една година Ливингстон починал, Стенли решил да продолжи со случајот - да ја открие тајната на изворите на реката [[Нил]].