Мито Хаџивасилев - Јасмин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sr:Мито Хаџивасилев
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
| наставка =
}}
'''[[Мито Хаџивасилев - Јасмин]]''' ([[21 декември]] [[1922]] - [[1 август]] [[1968]]) е [[Македонија|македонски]] [[комунист]], ''првото перо'' на македонското новинарство и публицистика и [[политичар]].
'''[[Мито Хаџивасилев - Јасмин]]''' ([[1922]] - [[1968]]) е [[Македонија|македонски]] [[револуционер]], ''првото перо'' на македонското новинарство и публицистика, и [[државник]]. Студирал на [[Правен факултет на Универзитетот во Белград|Правниот факултет во Белград]]. Бил член на МК на [[КПЈ]] за Македонија, секретар на [[СКОЈ]] во [[Кавадарци]], член на Вториот областен комитет на [[КПМ]], заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Областниот комитет на НОО во [[Битола]]. По ослободувањето бил главен уредник на „[[Нова Македонија]]“, прв претседател на [[Здружение на новинарите на Македонија|Здружението на новинарите на Македонија]], член на ИК на ЦК [[СКМ]], [[Собрание на Република Македонија#Претседатели на Собранието на Република Македонија|Претседател]] на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Македонија]] со едногодишен мандат од [[12 мај]], [[1967]] г. Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови.
 
Завршува гимназија во [[Битола]]. Уште во училишните клупи почнува да соработува со напредното младинско движење. Студирал на [[Правен факултет на Универзитетот во Белград|Правниот факултет во Белград]]. Во [[1940]] година е примен во членство во КПЈ и бил член на МК на [[КПЈ]], секретар на [[СКОЈ]] во [[Кавадарци]], член на Вториот областен комитет на [[КПМ]], заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Обласниот комитет на НОО во [[Битола]].
 
По ослободувањето, од крајот на [[1945]] година до [[1 јануари]] [[1948]] година е главен и одговорен уредник на „[[Нова Македонија]]“. Во [[1962]] година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“. На Основачкото собрание на [[Здружение на новинарите на Македонија|Здружението на новинарите на Македонија]], Хаџивасилев е избран за негов прв претседател.
 
Речиси две децении Хаџивасилев е член на највисоките партиски и државни органи на Републиката. На Првиот конгрес на [[КПМ]] бил избран за кандидат, а потоа и за член на ЦК КПМ. На Вториот и Третиот конгрес на КПМ одново е избран во највисокото партиско раководство, а на Седмиот конгрес на СКЈ - за член на Централниот комитет. Од [[1957]] година беше претседател на Идеолошката комисија на ЦК СКМ, а од [[1964]] до [[1967]] - член на ИК на ЦК СКМ и секретар на ЦК СКМ за идеолошкиот сектор. Бил и член на Претседателството и [[Собрание на Република Македонија#Претседатели на Собранието на Република Македонија|Претседател]] на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Македонија]] со едногодишен мандат од [[12 мај]] [[1967]] г.
 
Учествува во издавањето на речиси сите централни [[весник|весници]] во Македонија во [[1944]] година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот ''[[Нова Македонија]]''.
 
Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови. Автор е на повеќе книги и брошури, а меѓу нив од областа на македонската национална историја се „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“.
== Види уште ==
 
* [[СРМ]]
== Извор ==
* [[Нова Македонија]]
* [http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=1859EFC6DC34AF49B1794F076E9C059C Биографија на страницата на Собранието на Република Македонија]
 
 
Ред 29 ⟶ 36:
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Македонски новинари]]
[[Категорија:Биографски никулциКавадарчани]]
 
[[bg:Мито Хадживасилев]]