Македонска федеративна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
'''Македонската федеративна организација''' била македонска револуционерно - политичка организација, нејзините членови се поранешни револуционери од [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] и се залагале за самостојна македонска држава во рамките на една балканска федерација.
== Основање ==
[[Податотека:MFO Statute.jpg|десно|мини|200п|Устав на Македонската федеративна организација]]
По Вториот голем собор на [[Сојуз на македонските емигрантски организации|Сојузот на македонските братство]] од есента 1920 година шеесет делегати, на чело со [[Христо Далкалчев]], [[Никола Јуруков]], [[Филип Атанасов]], [[Христо Татарчев]], [[Александар Димитров]], [[Владислав Ковачев]], [[Милан Грашев]], [[Јордан Анастасов]] <ref name="NOM">„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, Македонския Научен Институт, София, 2002 г. [http://www.promacedonia.org/mni/mni4_2.html]</ref> се отцепиле од Сојузот и ја создале ''Привремена комисија на македонските братство во Бугарија''.
 
Ред 6 ⟶ 7:
 
Легално крило се нарекувало ''Македонска емигрантска федеративна организација (МЕФО)'', а илегално ''Внатрешна федеративна македонска револуционерна организација (ВФРО)'' <ref name="VOP">[http://www.promacedonia.org/dt/dt1_1.html Тюлеков, Димитър. „ВМРО в Пиринско 1919-1934“, Унив. Изд. “Неофит Рилски”, Благоевград, 2001 г.]</ref>.
 
== Расцеп ==
Набргу потоа Никола Јуруков ја предводел легалната фракција, а Филип Атанасов ја презел илегалната. Во [[Тирана]] федералистите Филип Атанасов, Павел Христов, А. Василев, Христо Цветков и Крум Зографов стапиле во контакт со [[Александар Протогеров]], за примирје и соработка помеѓу федералистите и автономистите како и привлекување на албанските револуционери кон македонското револуционерно движење (косовскиот албански комитет на Реџеп Митровица и Бедри Пејани <ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 477.</ref>, со Хасан бег Приштина и Ахмед Зогу).