Класна борба: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 09:14, 22 ноември 2005

Класната борба е борба помеѓу општествените класи кои го сочинуваат едно општество. Во основата на концептет лежи тезата дека општеството е поделено на класи (теза која не ја прифаќаат сите) и дека помеѓу класите можат да има класна соработка или класна борба. Застапниците на класната борба (комунистите, анархистите и радикалните социјалисти) инсистираат на тврдењето дека класната соработка, во најмала рака долгорочно, е во корист само на експлоататорската класа и дека всушност експлоататорската класа, иако го прикрива тој факт, сепак води класна борба против експлоатираната класа. Поради тоа, застапниците на класната борба инсистираат на потребата и експлоатираната класа да води класна борба против своите експлоататори.

Класната борба може да се подели а) на мирна или насилна и б) економска или политичка. Помеѓу застапниците на класната борба постојат длабоки несогласувања во врска со типот класна борба што треба да се води.