Македонска пошта: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 49:
 
=== Поштата во Македонија за време на СФРЈ ===
Голем дел на ПТТ врските по ослободувањето практично не функционирале. Бројот на поштите во 1944 годг. бил 45. Обновувањето траело од 1945 до крајот на 1947 год. За прв директор на ПТТ службата на Македонија, од страна на [[АСНОМ]] бил наименуван Благоја Тошев (1915-1950), поранешен поштенски работник, а за помошник директор Димитар Георгиев. Тошев успешно ја поставил првата организација на Поштата во Република Македонија.
 
Натамошното проширување на поштенската мрежа се одвивало мошне брзо, особено во периодот од 1951 до 1955 год. Во овој период работеле 152 пошти, вклучувајќи ги 3-те сезонски и 3-те помошни пошти. Во 1951 год. од вкупно 151 пошта, 24 биле сместени во згради кои биле во соспственост на ПТТ, 54 во општествени и 58 во приватни згради. Во 1960 год. за пренос на поштенски пратки се користеле три сопствени автобуси, пет железнички линии, 38 автобуски јавни линии, а приватни запрежни коли се движеле на 8 релации.