Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

с
нема опис на уредувањето
с
|footnotes =
}}
[[Податотека:National bank of Macedonia.jpg|мини|десно|250п|Зградата на Народната банка на РМ]]
'''Народна банка на Република Македонија''' (''НБРМ'') е [[централна банка]], емисиона [[банка]] на [[Македонија]]<ref>''Кики Мангова - Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006.''</ref>. Формирана е на [[19 октомври]] [[1946]] година преку спојување на [[Македонска стопанска банка]] со Народна банка - филијала [[Скопје]]. Прв главен директор на банката бил д-р [[Тодор Мировски]]. Од почетокот на [[1947]] г. го носела називот НБ ФНРЈ - Централа за Народна Република Македонија со [[Александар Богоев]] како главен директор. Меѓу [[1947]] и [[1953]] г., НБ ФНРЈ - Централа за НРМ била единствена банка во Македонија и истовремено работела како емисиона и деловна банка, т.е. извршувала централно банкарски работи, работи за републичкиот [[буџет]], како и универзални банкарски работи. Во периодот [[1954]]-[[1965]] г., таа постепено ги напуштила универзалните банкарски работи и се насочила кон централнобанкарските активности и регулирањето и контролата на банкарскиот систем. Исто така, во овој период, биле укинати нејзините филијалите, а банката го променила називот во Народна банка на [[Југославија]] - Централа во Скопје. Во текот на [[1965]]-[[1971]] г., централата на НБЈ во Скопје немала никаква улога во водењето на монетарно-кредитната политика, туку вршела само работи кои имаат извршен и оперативен карактер. Во декември [[1971]] г. бил донесен првиот Закон за Народна банка на Македонија, со кој таа била дефинирана како [[устав]]на категорија, а за прв гувернер бил именуван [[Стојан Ќосев]]. Сепак, Народна банка на Македонија и понатаму била во многу подредена положба во однос нa [[Народната банка на Југославија]] и имала многу ограничена улога во формулирањето и водењето на [[монетарната политика]].
 
== Нумизматички музеј ==
{{Главна|Нумизматички музеј на Народна банка на Република Македонија}}
[[Податотека:Нумизматички музеј-НБРМ.png|мини|десно|Поставки во Нумизматичкиот музеј на НБРМ]]
Нумизматичкиот музеј на Народната банка се наоѓа во зградата на банката. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото [[културното наследство]] во 1999 год. НБРМ меѓу своите функции приклучила и откуп на стари и ретки [[пари]] од тлото на Македонија.