Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

с
нема опис на уредувањето
с
с
 
Основна и најважна функција на НБРМ е да ја формулира и да ја реализира монетарната политика. Притоа, според Законот за НБРМ, основна и примарна цел на НБРМ е да ја одржува стабилноста на цените, а исто така, таа ја подржува општата [[економска политика]] на владата, но само доколку со тоа не е загрозена основната цел. За остварување на основната цел, НБРМ ја применува стратегијата на [[таргетирање на девизниот курс]] во чии рамки, НБРМ ја одржува стабилноста на курсот на [[денар]]от во однос на [[евро]]то (претходно во однос на [[германската марка]]). Оваа стратегија формално се применува од октомври [[1995]] год., иако нејзиниот фактички почеток датира од пролетта [[1994]] год. Главен инструмент на монетарната политика на НБРМ се аукциите на [[благајнички записи]], со кои се регулира ликвидноста на банките и, оттука, [[паричната маса]]. Исто така, како инструмент на монетарната политика се употребува и [[задолжителната резерва на банките]].
 
== Нумизматички музеј ==
{{Главна|Нумизматички музеј на Народна банка}}
'''Нумизматичкиот музеј на Народната банка''' се наоѓа во зградата на банката. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото [[културното наследство]] во 1999 год. НБРМ меѓу своите функции приклучила и откуп на стари и ретки [[пари]] од тлото на Македонија.
 
Збирката денес брои околу 17.000 примероци на [[монета|монети]], медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прераснала во најголема јавна [[нумизматичка збирка]] во Македонија.
 
 
== Наводи ==