Земјоделство на Инките: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
== Наѓубрување==
Инките користеле неколку видови ѓубрива за наѓубрување на обработливите површини. Во крајбрежниот регион, мали риби, како што се [[Сардина|сардините]], биле закопувани со пченка така што се забрзувал растот на растението. Овој процес бил забележан на ѕидовите на храмот [[Пачакамак]], каде биле прикажани мали пченки кои растат од риба. Покрај рибите, во крајбрежниот регион се користело и [[гуано]], кое всушност е отпадокот создаден од големиот број крајбрежни птици. Во остатокот од империјата, луѓето користеле ''природно ѓубриво'' добиено од домашните животни и паднати листови од дрвата.
 
== Обработлива земја ==
[[Image:Pata-pata 01.jpg|thumb|150px|Тераси изработени од Инките.]]
[[Image:Waru waru moderno.JPG|thumb|150px|Насип во ''[[Вару Вару]]''.]]
[[File:Pata-pata 01.jpg|thumb|150px|right|Тераси за одгелување растенија.]]
 
Обработливата земја во Империјата била поделена на три дела: еден дел бил за аристократијата, друг дел бил за верските лидери и свештеници и последниот дел бил за самите фармери, кои пак ги обработувале сите три дела, но само еден бил за нив. Главни растенија кои биле сеани се: [[киноа]], [[компир]] и [[пченка]].<ref name="isbn0-8047-1339-1">{{cite book |author=Earle, Timothy K.; Johnson, Allen W. |title=The evolution of human societies: from foraging group to agrarian state |publisher=Stanford University Press |location=Stanford, Calif |year=1987 |pages= |isbn=0-8047-1339-1 |oclc= |doi= |accessdate=}}</ref>
 
Фармерите морале да се справуваат со тешките предели на Андите, па така, обработливата земја се наоѓала во тесните долини меѓу планините. Додатно на нив, имало и обработливо земјиште на висорамнините, но поради високата надморска височина и студеното време, земјиштето не било многу погодно. За потребите на земјоделството, Инките користеле неколку андски техники за одгледување растенија. Некои од техники биле:
* ''терасите'' или ''[[андени]]'' биле вештачко изработени тераси на падините на планините кои се користеле за садење на растенија. Терасите исто така биле погодни и за наводнување така што биле користени природните извори на вода, како што се дождовите на пример. Водата одела циркуларно со помош на канали кои ги поврзувале терасите, а при тоа се избегнувала ерозија на земјата. Терасите биле користени за садење на сите растителни култури кои биле достапни во тоа време. Иако за градење на терасите биле потребни голем број работници, Инките нив ги правеле со леснотија.
 
* ''насипите'' или ''[[камелони]]'' биле вештачко изработени насипи на бреговите на езерото Титикака. Во насипите можело да се чува вода, особено во предели каде имало чести поплави. Инките граделе вештачки канали со кои се намалувала можноста за поплави, така што се отцедувале самите насипи. Покрај тоа, каналите биле користени и за наводнување.
 
* ''вештачките лагуни'' или ''[[кочаси]]'' биле градени во екорегионите наречени пуни. Тие биле користени за чување на вода и за напојување на добитокот. Овие лагуни можеле да бидат округли или правоаголни и биле составени од голем број симетриски канали кои ја собирале водата од дождовите.
 
== Наводи ==