Разлика помеѓу преработките на „Земјоделство на Инките“

нема опис на уредувањето
{{Инки}}
 
'''Земјоделството на Инките''' била една од најважните гранки во [[Општество на Инките|општеството]] од кое зависело населението. Плодноста на почвата во Империјата вила голема, со голема влажност и добра обработка. Со адаптирањето на претходно стекнатите техники во новите земјоделски средини им овозможувало голем профит и со тоа производство во нови земјоделски средини. Овие земјоделски достигнувања не би биле достигнати без [[работна сила]]. Овие технологии биле многу успешни, па дури и денес некои од нив се користат<ref>{{es icon}} http://www.eclac.cl/publicaciones/xml/1/5541/lcl1413_Cap8-10.pdf</ref><ref>{{es icon}} http://www.cusichaca.org/PDF/2.%20%20Presentacion%20de%20la%20Institucion%20CUSICHACA.pdf</ref>.
 
== Алатки==
[[Image:Trabajo-inca8.jpg|thumb|right|Ilustration of Inca farmers using a ''chakitaqlla'', by [[Felipe Guaman Poma de Ayala]], 1616.]]
 
Инките немале припитомени домашни животни кои би биле погодни за обработка на земјата, па така тие се осврнувале на алатките. Овие алатки и работната снага на луѓето биле добро прилагодени на ридските предели на Андите и на ограничените обработливи платформи. Меѓу позначајните алатки биле:
 
*''Чакитакла'', рало (плуг) наменето за човек. Ралото е изработено од дрво со свиткан остар врв, изработено од камен или метал и има попречено дрво за ставање на ногата.<ref>[http://www.qosqo.com/qosqo/agricult.htm Inkan Agriculture<!-- Bot generated title -->]</ref> Оваа алатка сè уште се користи на Андите.<ref>http://www.trophort.com/001/718/001718076.html</ref>
*''Раукана'', мотика со тенко парче ''чачакомо'' дрво. Мотиката не била поголема од 40 см и се користела за вадење кртула и коров.
*''Чира''
 
Полјоделството во Империјата било проследено со ритуали, песни и жртвувања. Тимови од седум или осум мажи, придружени со ист број жени, би работале во линии за да ги подготват полињата. Мажите користеле рачни рала (плугови) за копање на земјата. По мажите следеле жените кои саделе семиња. Оваа работа била често проследена со песни и славење. Според едни записи, шпанските свештеници ги прилагодиле песните за црковни потреби бидејќи многу им се допаднале.<ref>The Incas. by Terrence N. D'Altroy. Blackwell Publishers Inc. 2002. pages 198, 199. ISBN 0-631-17677-2.</ref>
 
 
== Наѓубрување==