Небесен координатен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Брише: cs:Hvězdný souřadnicový systém
с r2.7.2) (Бот Менува: az:Fəza koordinat sistemi; козметички промени
Ред 8:
Постојат различни небесни координатни системи, и секој од нив користи [[сферни координати]] проектирани на небесната сфера, аналогно на [[географски координатен систем|географскиот координатен систем]] за места на површината на [[Земја]]та. Системите се разликуваат само по нивните [[фундаментална рамнина|фундаментални рамнини]], кои го делат небото на две еднакви [[полутопка|полутопки]] (хемисфери) долж [[голема кружница]]. На пример, фундаменталната рамнина на географскиот систем е Земјиниот [[екватор]]. Секој од овие координатни системи е именуван по неговата фундаментална рамнина.
 
== Координатни системи ==
Во оваа табела се прикажани стандардните координати системи што ги користат астрономите. [[Фундаментална рамнина|Фундаменталната рамнина]] ја дели сферата на две еднакви полутопки и ја определува основната линија за еквивалентната [[географска ширина]] во координатите, т.е. еквивалент на [[екватор]]от во [[географски координатен систем|географскиот координатен систем]] (ГКС). Двете точки што се наоѓаат на 90°° од фундаменталната рамнина се сметаат за полови. Колоната со координати се наведени еквивалентите на [[географска ширина|географската ширина]] и [[географска должина|должина]] во ГКС.
 
{| class="wikitable"
Ред 49:
|}
 
=== Хоризонтски систем ===
{{Главна|Хоризонтски координатен систем}}
Хоризонтскиот (алтазимутен) систем поаѓа од местоположбата на набљудувачот на Земјата, која се врти околу својата оска еднаш на [[ѕвездено време|ѕвезден ден]] (23 часа, 56 минути и 4,091 секунди) во однос на „неподвижната“ ѕвездена позадина. Поради ова местоположбата на објектот според хоризонтскиот систем е минлива, и се користи претежно за пресметување на времето на изгрев и залез, како на пр. изгрејсонце и зајдисонце. Во подалечното минатото овој систем се користел во морепловството - за утврдување на азимутната местоположба на една планета, со прецизна пресметка на времето, а оттука се наоѓала географската ширина и должина на бродот. Многу телескопи имаат алтазимутни стативи, но пресметката на хоризонтската положба според времето, географската положба и положбата на објектот се врши со [[сметач]].
 
=== Екваторски систем ===
{{Главна|Екваторски координатен систем}}
Екваторскиот координатен систем поаѓа од центарот на Земјата како свое средиште и го третира небото што нè опкружува како неподвижно, додека Земјата се врти околу својата оска и ние заедно со неа. Овој систем го опишува небото гледано од сончевиот систем - современите ѕвездени карти речиси без исклучок користат екваторски координати. Ѕвездените карти на древните источни земји го користеле овој систем.
Ред 61:
Доста застапен избор за полот и екваторот е постариот систем [[B1950]] и соверемениот систем [[J2000]], но може да се користат и тековни (соодветни на денот на набљудување) како при мерење на местоположбата на планета или вселенско летало. Ова понатаму се дели на средновредносни тековни координати, кои се вопросечени и ја занемаруваат [[нутација]]та, и верни тековни коордианти, кајшто се зема предвид нутацијата.
 
=== Еклиптичен систем ===
{{Главна|Еклиптичен координатен систем}}
Еклиптичниот систем е еден од старите координатни системи што се користеле на ѕвездените карти пред да се раздвојат [[астрономија]]та и [[астрологијата]], особено во западните земји.
Ред 67:
Еклиптичниот систем го опишува орбиталното движење на планетите околу сонцето со средиште во барицентарот на сончевиот систем, кој се наоѓа во сонцето. Фундаменталната рамнина е рамнината на која орбитира Земјата, наречена еклиптична рамнина. Системот наоѓа примена во изучувањето на планетите, положбата на планетите и други важни податоци како наклонот, јазлите на искачување и спуштање, положбата на перихелионот и тн.
 
=== Галактички систем ===
{{Главна|Галактички координатен систем}}
Галактичкиот систем го зема нашиот Сончев систем како средиште - положба насочена речиси кон центарот на Млечниот Пат како нулта насока, а инаку има фундаментална рамнина што приближно соодветствува на дискот на Млечниот Пат, но која е утврдена со стандард. Галактичкиот систем се користи за меѓуѕвездено позиционирање на објекти во однос на нашата галаксија.
Ред 75:
{{Главна|Супергалактички координатен систем}}
-->
== Висински агол ==
Висинскиот агол (алтитуда) е вертикалниот [[агол]] измерен од астрономскиот [[хоризонт]] (0°) кон [[зенит]]от (+90°). Може да има и негативна вредност, ако објектот се наоѓа под хоризонтот, сè до [[надир]]от (-90°).
 
Ред 82:
== Претворање на координатите ==
=== Екваторски во хоризонтски координати ===
Нека ''H'' биде часовниот агол, а ''δδ'' деклинацијата на екваторските координати. Ако сакаме да ги пресметаме висината ''a'' и [[азимутот]] ''A'' во екваторски координати. Тогаш, за набљудувачот на [[географска ширина]] Φ, равенките за претворање ќе бидат:
 
:<math>\sin \mathrm{a} = \cos \theta = \sin \phi \cdot \sin \delta + \cos \phi \cdot \cos \delta \cdot \cos H</math>
Ред 95:
 
== Поврзано ==
* [[Оскин наклон]]
* [[Азимут]]
* [[Наклон]]
* [[Козајов механизам|Козајов ефект]]
* [[Меѓународен небесен координатен систем]]
 
== Извори ==
* ''Статијата се заснова на „Астроинфо“ од Џејсон Харис, што е вклучено во [[KStars]] - [http://edu.kde.org/kstars/ Планетариум за работна површина на KDE] за [[Linux]]/[[KDE]].''
 
== Надворешни врски ==
Ред 113:
 
[[ar:نظام إحداثي سماوي]]
[[az:GöyFəza koordinatlarıkoordinat sistemi]]
[[bs:Nebeski koordinatni sistem]]
[[ca:Coordenades celestes]]