Големиот раскол: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
Во [[1054]] година се случило и конечното разделување на [[црква|црквата]]. Во [[Константинопол]], патриjархот [[Михаил Керулариј]] се сомневал дека доколку императoрот Константин IX стане зависен од воениот сојуз со западот, тогаш црквата во Константинопол ќе треба да се соочува со [[Рим]]. За да не дојде до тоа, тој започнува да ги нагрубува католичките прелати. Католичките обреди се наречени недостојни, а католичките цркви во [[Константинопол]] се затворени.
 
Во [[Рим]], папата [[Лав IX]] многу остро го осудува овој чин и затоа во [[Константинопол]] го испраќа [[кардинал|кардиналот]] [[Хумберт]], кој кога пристигнал таму, ја пренел пораката од папата, а најмногу се спротиставувал за нерешеното прашање околу [[Свет Дух|Светиот Дух]]. По тримесечно очекување на дијалог со патријархот, Хумберт издал [[була]] (папски документ) за протерување на Михаил од [[црква|црквата]]. Но во тоа време [[папа|папата]] само што починал, и самата була се покажала дека е невалидна. И покрај поддршката што пратеникот од Рим ја имал од императорот, Михаил останал патријарх поради масовната поддршка на верниците.
 
По овој настан, дошло до постепено раздвојување на источната и западната црква. Периодично, односите се подобрувале и влошувале, но не постоел настан кој официјално би го означил раздвојувањето на црквите, се' до [[Крстоносни војни|4. Крстоносна војна]], кога [[крстоносците]] го нападнале Константинопол и ја опустошиле [[Црква “Света Софија“ Истанбул|Аја Софија]].