Едмунд Хусерл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 49:
Хусерл во 1916 година се префрлил на Алберт Лудвиг Универзитетот во Фрајбург (Фрајбург во Брајсгау) каде што тој продолжил со реализирање на неговата работа во филозофијата, а сега како редовен професор. Едит Штајн работел како негов личен асистент за време на првите неколку години во Фрајбург, а подоцна следи Мартин Хајдегер 1920-1923. Математичарот Херман Веил започнал конверзацијата со него во 1918 година. Хусерл одржал четири предавања за феноменолошкиот метод на Универзитетскиот колеџ во Лондон, во 1922 година. Бил повикан од Универзитетот во Берлин во 1923 година да се пресели таму, но тој ја одбил понудата. Во 1926 Хајдегер нему му ја посветил својата книга Sein und Zeit "со благодарност и пријателство". Хусерл останал да работи како професор во Фрајбург се додека не побарал пензионирање, а последната настава ја одржал на 25 јули 1928 година. Прославата по повод неговиот седумдесетти роденден се одржала на 8 Април 1929 година.
 
1933 била грда година во Германија, кога биле донесени расни закони од страна на новиот нацистички режим. На 6 Април Хусерл бил суспендиран од Универзитетот во Фрајбург од страна на Министерството за култура во Баден, а следната недела му биле забранети сите универзитет активности. Сепак, неговиот колега Хајдегер бил избран за ректор на универзитет на 21-22 април, и се приклучил на нацистичката партија. Спротивно на тоа, во јули Хусерл дал оставка од Германската Академијаакадемија (Deutsche Academie).
 
По неговото пензионирање, Хусерл одржал неколку значајни предавања. Првото, во Париз во 1929 година, довело до Méditations cartésiennes (Париз 1931). Хусерл тука го коментира "трансцеденталното его", презентирано порано во своето клучно дело „Идеи„ (Ideen), издадено во 1913 година, во смисла на "cognito" на Декарте. Останува, сепак сам (без врски). Подоцна Хусерл предавал во Прага во 1935 година и во Виена во 1936 година, што резултираше со многу поинаку оформена работа што и покрај иновативноста не е помалку проблематична. Хусерл ги опишувал културните кризи, грчевито држејќи се за Европа, а потоа се приближил на филозофијата на историјата, коментирајќи ги Галилео, Декарт, неколку Британски филозофи, како и Кант.