Евреи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
== Историја на Евреите и нивното населување на Балканот ==
 
Евреите се антички народ, создавачи на првата [[Монотеизам|монотеистичка]] религија - јудaизмот[[јудаизам|јудаизмот]]. Нивната историска прататковина е [[Палестина]]. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во [[Библија|Библијата]], а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава [[Израел]]. Откако Римјаните го задушуваат еврејското востание во [[66]] година од н.е. и го уништуваат [[Соломонов храм|Соломоновиот храм]], Евреите се раселуваат по целиот свет. Првите Евреи на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полустров]] се нарекуваат [[Ромањоти]], затоа што дошле за времето на [[Римска Империја|Римската Империја]]. Во [[Среден век|Средниот век]] на Балканот пристигнуваат [[Aшкенази|Ашкеназите]] - источноевропски Евреи, кои зборуваат [[германски јазик]]. Во [[1492]] на територијата на [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]] се населуваат [[Сефарди]]те, протерани од [[Шпанија]].
 
Евреите на Балканот живееле помирно во споредба со Евреите во другите делови на Европа се до средината на [[20 век]], кога на нив се врши нивно истребување од страна на [[Нацисти|нацистите]] (види [[Холокауст]]). Единствено [[Бугарија]] успева да го спаси своето еврејско население. Сепак, бугарските власти во окупираните подрачја ([[Македонија]] и [[Тракија]]) ќе учествуваат во депортацијата на Евреите во германските [[Концентрационен логор|концентрациони логори]]. Депортацијата на македонските Евреи е извршена во [[Скопје]], во март [[1943]] година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Евреи