Борба на македонскиот народ против Цариградската патријаршија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Во северниот дел на [[Македонија]] каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик <ref name="KNCOV"><small>''В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898''</small></ref> и македонскиот јазик во наставата <ref name="SDIM" /> . Меѓутоа во [[Охрид]] каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на [[Охридската архиепископија]] <ref name="SPRO"><small>''Е. Спространов, По възраждането на гр. Охрид. Сб. НУНК София, г. XIII, 1896''</small></ref>, во оваа борба посебно се истакнале [[Димитар Миладинов]] и [[Григор Прличев]]. [[Славко Димевски]] истакнува дека:
 
{{Цитатник|''Ако површно се посматра документацијата во врска со борбата на македонскиот народ за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот, може да се дојде до погрешен заклучок дека таа исклучиво се водела против владиците како личности. Меѓутоа, ако на таа борба се гледа како процес, веднаш ќе се забележи дека молбите и жалбите на македонскиот народ, што биле упатувани против овој или оној владика по име, всушност било само легално срдествосредство да се постигне повисока цел: преку сукцесивно сменување на грчките владици со домородни да се создадат објективни услови за полна еманципација од Патријаршијата и создавање на сопствена црква. Владиците Македонци би го обединиле македонскиот народ на ниво на епархии, би го преставувале пред турските власти и би имале можност во поволен момент да се отцепат од Патријаршијата и да ја обноват Охридската архиепископија'' <ref name="SDIM" />}}
 
Во [[1859]] година Димица напишал една книга на грчки јазик во која го истакнал незаконското укинување на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] притоа побрал неселението да се откаже од [[Цариградска Патријаршија|Цариградска патријаршија]], да престане да и го плаќа црковниот данок од 3 000 гроша и повикал за обнова на [[Охридска архиепископија|Архиепископијата]].