Горан Стефановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
+ содржина
Ред 34:
| portaldisp =
}}
'''Горан Стефановски''' (роден во [[Битола]], [[27 април]] [[1952]]), македонски драмски писател. Завршил [[Филолошки факултет]] во [[Скопје]], [[англиски јазик]] и [[книжевност]]. Студирал [[драматургија]] на театарската академија на Универзитетот во [[Белград]] каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на [[Семјуел Бекет]]“. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Моментно живее и работи во [[Лондон]]. Член на [[Македонскиот ПЕН центар]]. Член на [[Друштвото на писатели на Македонија]] од 1979 година, а од 2004 година е и член на [[МАНУ|Македонската академија на науките и уметностите]].
 
==За творештвото==
Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Во неговите драми се издвојуваат три вида на ликови:
 
*Луѓе-нелуѓе, предавници, кои се дел од историјата на овој народ. Тоа се оние ликови кои по потрага по поудобен живот ги поддржуваат, ги помагаат и им отвораат пат на сите непријателски дејности. Таквите се заслепени од сјајот на `розевите приеми на буржоазијата` каде всушност и не припаѓаат. Тие се подготвени да ги предадат и своите најблиски, пријатели и роднини, а во знак на послушност би го убиле и својот роден брат. На овие ликови Стефановски им припишува реченици како:
:„Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив.“
:(Киро, „[[Лет во место]]“)
Но, при крајот на драмата, Стефановски им припишува и чин на освестување, некаков вид на признание дека сепак носат во себе љубов кон татковината.
 
*Ликови кои се двоумат на која страна да тргнат, и кои всушност никаде не одат и ништо не прават. Ваквите ликови ја изгубиле надежта, се оддале на пијанство (Димитрија и Симон од „[[Диво месо]]“), се чувствуваат неспособни да преземат нешто (Михајло и Султана од „Лет во место“), потиснати се во патријархални семејства во кои животот им е однапред скроен, а тие треба да чекорат низ животот како балерини (Кристина од „[[Дупло дно]]“), или пак со згаснати соништа си создаваат некој свој свет (Кољо, Алтана од „[[Тетовирани души]]“).
 
*Третата галерија ликови се револуционерни типови, во чии размислувања има нешто прогресивно, чиј труд не е награден во драмите, но сепак мора да постојат, макар и со својот донкихотовски лет во место. Самото нивно постоење ни дава надеж дека не сме изгубени, дека постоиме. Тие ликови се гневни од развојот на настаните. Цибра („Тетовирани души“) сонува за кариера на народен трибун, а пораснат е на улица според законот на посилниот. Тој вели:
:„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“
Андреја („Диво месо“) со своите другари комунисти подготвува штрајк, после што е затворен. Но вербата во својата идеја не го напушта дури ни во затворот. Уметникот и револуционер Јаков („Дупло дно“) се крева против оние кои го просветлуваат народот а не разликуваат ден од ноќ, против бирократијата од уметничка провениенција, велејќи:
:„Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“
 
== Награди ==