Носии од Овче Поле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
Народната носија од пределот [[Овче Поле]] се надоврзува на [[Носија од Бабуна|носијата од Бабуна]] со сличен облековен состав, но со одредени разлики во оформувањето и украсувањето на одделните облеки.
 
Во женската носија кошулите се од бело домашно платно, со разнобојни пругасти шарки означени со народниот назив кенари, а на ракавите има разнобојни украсни тантели оји. Елекот, со широк ѕвонест долен дел, поетавен е со дебело конопно платно и со прошиени конци, и сиот е малку набран. Украсни оји се застапени и на другите делови на носијата. Околу половината се опашува тесно, декоративно, орнаментирано појасче - ѕуница и скутина - пешкиркрпа, со вткаени пругасти и ситни геометриски шарки.
 
Платнените облеки во машката носија се од тенко платно кенарлија со кусо безракавно елече, преклопено на градите, ткаен, пругасто шарен, волнен појас, а машката скутина вута е со тесни црно бели пруги и ситни геометриски шарки на долниот дел. Носијата е дополнета со повеќе ткаени крпи бришалки што се носат на појасот, префрлени преку рамењата и на главата.