Скопска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
== Земјоделство, стопанство и економија ==
Географската положба, самиот терен, климата и почвата во Скопската котлина се многу поволни за земјоделство и сточарство. Полјоделството е особено развиено во рамничарскиот предел во алувијалната раминина по течението на реката [[Вардар]]. Најзастапени се житните култури и тоа: пченицата, јачменот и пченката. На големи површини се застапени одгледувањето на зеленчук, индустриски растенија (сточна храна), градинарството и рано-градинарското производство (под пластеници и оранжерии), овоштарството и лозарството. Од зеленчукот и градинарските култури највеќе се одгледуваат: домат (познатиот вид „скопски јабучар“), пиперки (зелен пипер), кромид, лук, млад кромид и лук (арпаџик - с.[[Драчево]]), зелка (с.[[Бардовци]], [[Злокуќани]], [[Драчево]]), марули, морков, компир, боранија, грашок. Од индустриските култури застапени се: тутунот, детелината, луцерката и крмната пченка. Овоштарството е застапено претежно во висорамнинските предели на подножјата на околните планини во јужниот, источниот и северниот дел на котлината. Од овошките се одгледуваат: цреши, јаболка, јагоди, сливи, кајсии, праски.
 
== Сообраќај ==