Змеј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
== Змејот во народните верувања ==
[[Податотека:Zmei Gorinich (colour fixed).jpg||мини|десно|250п|''Змеј'', од Виктор Васнетсов]]
Според народното верување змејовите настанувале од [[змија]] постара од четириесет или сто години, од рибата [[крап]] која наполнила четириесет години. Змејот според некои верувања настанувал од [[птица]], [[петел]]от и [[мисир]]от можеле да се претворат во змеј; змејот можел да биде роден и како човек (со специфични обележја како новороденче: ципа под мошниците, опашка, заби, шест прсти и др.), се верувало дека таквите деца настанале од врската меѓу змеј и жена, некаде се верувало дека децата родени по [[смрт]]та на родителот, или вонбрачните деца можат да се претворат во змеј или им се припишувале натприродни способности својствени за митолошкото сфаќање за карактеристиките на змејот. Но, за одржување на ваквото дете во животот според старите верувања морале да се спроведат многу обредни правила; првата ноќ го варделе ‘чистите жени/ девојки ’ (вирго), некаде тоа го правеле девет стари жени, некаде дванаесет девојки кои во таа една ноќ подготвувале облека за новороденчето на кое му се припишувале својствата на заштитникот на селото. Во [[Македонија]] се верувало дека змејски карактеристики стекнува детето родено во глуво доба и тоа се нарекувало змејко.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Змеј