Политички науки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: el:Πολιτική επιστήμη
с Бот Додава: za:Cwngciyoz; козметички промени
Ред 8:
Се смета дека [[Херберт Бакстер Адамс]] е оној што го создал изразот „политичка наука“ додека предавал историја на ''Џон Хопкинс'' универзитетот.
 
== Преглед ==
 
Политиколозите ги проучуваат работите во врска со распределбата и преносот на моќ во донесувањето на одлуки, улогите и системот на владеење, вклучувајќи ги [[Влада|владите]] и меѓународните организации, политичкото однесување и јавните политики. Тие го мерат успехот на владеење и одредени политики со испитување на многу фактори, меѓу кои и стабилноста, правдата, материјалната благосостојба и [[Мир|мирот]]. Одредени политиколози сакаат да промовираат позитивни ( обид за да објаснат како се работите, наместо како што тие треба да бидат) тези со анализирање на политика. Други промовираат номинативни тези, преку давање на прецизни политички препораки.
Ред 20:
Државната институција за почести за студенти од колеџ и универзитетски студенти од владата и политиката во САД се вика Пи Сигма Алфа (Pi Sigma Alpha).
 
== Историски развој ==
 
[[Податотека:Santi di Tito - Niccolo Machiavelli's portrait headcrop.jpg|thumb|right|Николо Макијавели, еден од многуте влијателни политички теоретичари]]
Ред 28:
Претходниците на западната политика можат да следат своите корени до [[Платон]] (427-347 п.н.е.), а особено во делата на [[Хомер]], Хесиод, Тусидидис, Ксенофон и Еврипид. Подоцна, Платон ги анализира политичките системи, ги издвои нивните анализи од политературно и поисториски ориентираните науки и примени пристап кој ние би го разбрале како поблизок до филозофијата. Слично, [[Аристотел]] засновајќи се на анализите на Платон се обиде да вклучи историско-емпиристички докази во неговата анализа. Платон напиша републиката, а Аристотел пак напиша политиката.
 
=== Подем и пад на Римската империја ===
 
За време на подемот на [[Римската империја]], познатите историчари како што се Полибиус, Ливи и Плутарх го документираа издигнувањето на Римската република и организацијата и историите на нациите, додека пак оратори како [[Јулиј Цезар]], [[Цицерон|Кикеро]] и други ни обезбедија примери од политиката на републиката и Римската империја и војни. Студијата за политиките за време на овој период беше ориентирана кон разбирање на историја, разбирање на методи за владеење и опис за работата на владите. Поминаа речиси илјада години од основањето на градот Рим во 753 п.н.е. до падот на Римската Империја или почетокот на Средниот век. Во меѓувреме, постои јасно преведување на Хеленистичката култура во римскиот начин на живеење. Грчките богови станаа римски, и на еден или друг начин грчката филозофија стана римско право. На пример, Стоицизам. Стоичарите се посветени на зачувување на соодветни хиерархиски улоги и должности во државата, така што државата како целина би останала стабилна. Помеѓу најпознатите римски стоици беа филозофот Сенека и императорот [[Марко Аурелиј]]. [[Сенека]], познат римски аристократ, е често критикуван од страна на одредени модерни критизери дека не успеал соодветно да живее од своите сопствени перцепции. Од друга страна, Медитациите на Марко Аурелиј, најдобро може да се разгледуваат како филозофски одрази на император поделен помеѓу своите филозофски аспирации и должноста што ја чувствуваше за одбрана на Римската империја од нејзините надворешни непријатели преку различните негови воени кампањи. Според, Полибиус, римските институции беа ‘рбет на империјата но римското право е коскената срж.
 
=== Среден век ===
 
Со падот на [[Западно римско царство|Западното римско царство]], се појави простор за поопширно поле за политичките студии. Издигањето на монтеизмот, особено во западната традиција, христијанството, донесе нов простор за политиката и политичките акции. Делото Градот на бог од Августин Хипо ги синтетизира сегашните филозофии и политички традиции со оние на христијанството, предефинирајќи ги границите помеѓу религиозното и политичкото. За време на Средниот век, учењето за политиката беше широкораспространето во црквите и судовите. Повеќето политички прашања кои се однесуваат на врската помеѓу државата и црквата се разјаснети и оспорени во овој период. Арапите престанаа да се занимаваат со политичките науки на Аристотел, но продолжија да ја проучуваат платоновата ,,Република``, која стана основниот текст на Јудео-исламската политичка филозофија. На пример во делата на Алфараби и Аверос. Ова не се случуваше во христијанскиот свет каде аристотеловата ,,Политика`` е преведена во 13 век и стана основен текст во делата на [[Свети Тома Аквински]].
 
=== Индијскиот супконтинент ===
 
Во стара Индија, претходниците на политиката може да се бараат во риг-веда, самхити, брахмани, Махабхарата и будистот Пали Канон. Чанакја (350-275 п.н.е.) е политички мислител од Такшашила. Чанакја ја напиша Артасастра, трактат за политичката мисла, економскиот и социјален поредок, која може да се смета за предвесник на ,,Принцот`` од Макијавели. Помеѓу другите теми дискутира и за монетарни и фискални политики, благосостојба, меѓународни врски и детални воени стратегија. Манусмрити претставува исто така важен политички трактат од стара Индија која датира од два века по времето на Чанакја.
 
=== Источна Азија ===
 
Стара Кина е дом на некојлку натпреварувачки школи на политичката мисла, повеќето од кои се издигнаа во пролетниот и есенскиот период (втората половина на осми век до првата половина на петти век). Тука спаѓаат Мохизам (уталитарна филозофија), Таоизам, Легализам (мисловна школа која се заснова врз надмоќноста на државата) и Конфучијанизам. На крај, изменета форма на Конфучијанизам ( со големо влијание и елементи на Легализмот) стана доминантна форма на политичка филозофија во Кина за време на периодот на империјализмот. Форми на [[Конфучијанизам]], исто така, имаа силно влијание и се изложени од научниците од Кореа и Јапонија.
=== Западна Азија ===
 
Во [[Персија]], делата како што се Рабајат од Омар Кајам и Еп на кралевите од Фердовси обезбедија докази за политичка анализа, додека пак Блискоисточните застапници на Аристотеловите тези како Авицена, а подоцна и Мајмонидес и Авароес (Ибн Рушд) ја продолжија аристотеловата традиција на анализа и емприrзам, пишувајќи коментари за делата на Аристотел. Авароес немаше текст од аристотеловата Политика, па наместо тоа напишта текст од платоновата Република.
 
=== Ренесансата ===
 
За време на италијанската [[ренесанса]], [[Николо Макијавели]] ја заснова модерната политичка наука со нагласување на директно емпириско набљудување на политичките институции и актери. За Макијавели, изгледа не е ништо предобро ниту прелошо доколку помога да се задржи и зачува политичката моќ. Макијавели ги наруши политичките илузии, откривајќи ја грубата реалност на политиката, и може да се смета за татко на политичкиот модел. Подоцна, за време на просветителството ширењето на научната парадигма дополнително ја помести студијата за политика преку нормативните одредби.
Ред 54:
Како и Макијавели, така и [[Томас Хобс]], добро позат по неговата теорија за општествен договор, верувал дека силна центрлна власт, како [[Монархија|монархијата]], е неопходна за да се владее со вродената себичност на индивидуата, но ниеден од нив не веруваше во божественото право на кралевите. Од друга страна, Џон Лок, кој ни остави два трактата за владата и кој исто така не веруваше во божественото права на кралевите, застана на страната на Аквински и наспроти Макијавели и Хобс, прифаќајќи ја аристотеловата изрека дека човек се труди да биде среќен во состојба на општествена хармонија како општествено животно. За разлика од надмоќниот поглед на Аквински за спасување на душата од почетниот грев, Лок верува дека човек пристигнува на овој свет како табула раза (празна/неиспишана табла). Според [[Џон Лок|Лок]], потребно е како што предлага Хобс апсолутен владетел, бидејќи природното право се заснова на разум и еднаквост, барајќи мир и преживување на човекот.
 
=== Просветителство ===
 
Религијата нема веќе да ја игра главната улога во политиката. Ќе има поделба на државата и црквата, Принципи слични на оние кои доминираа со материјалнити науки може да се примени врз општеството како целина, создавајќи ги општествените науки. Политиката може да се проучува во лабораторија, која е и општествената средина. Во 1787, Александар Хамилтон напиша: ,, науката за политика како и сите други науки постигна големо подобрување.`` (федералниот листови, The Federalist Papers, броеви 9 и 51). И маркизот од Аргенсон и опатот од Сан Пјер ја опишаа политиката како наука. Д’Аргенсон беше филозоф, а Де Сан Пјер реформер-сојузник на просветителството.
Ред 60:
Други значајни личности кои учествуваа во просветителството беа [[Бенџамин Френклин]] и [[Томас Џеферсон]].
 
=== Модерна политичка наука ===
 
Бидејќи политичката наука во основа е проучување на човековото однесување, во сите аспекти на политиката, вообичаено набљудувања во контролирани средини не е достапно и е невозможно да се репродуцира или дуплира. Заради ова, политиколозите бараат модел за причините и исходите на политичките настани, за да се направи генерализација и теории. Сепак, проучувањето е тешко бидејќи луѓето прават свесни избори за разлика од другите субјекти во науката, како што се организмите, дури и неживите предмети како во физиката. И покрај сложеноста, со помош на соодветни студии консезус е постигнат за различни политички теми. Во случај кога политиколозите не се политичари, тие можат да покажат поголема објективност во врска со политиката. Политиката може да се проучува како активност, како тековни работи, како работа на владата и како конфликт, било да е државен било да е меѓународен, и нивни навремено решавање.
Ред 129:
[[ms:Sains politik]]
[[mwl:Ciéncia política]]
[[ro:Politologie]]
[[nl:Politicologie]]
[[ja:政治学]]
Ред 137 ⟶ 136:
[[pl:Politologia]]
[[pt:Ciência política]]
[[ro:Politologie]]
[[ru:Политология]]
[[sq:Shkencat Politike]]
Ред 153:
[[uk:Політологія]]
[[ur:سیاسیات]]
[[za:Cwngciyoz]]
[[vi:Chính trị học]]
[[zh:政治学]]