Анархосиндикализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: интернационална -> меѓународна
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Шаблон:Анархизам (странична лента)}}
'''Анархосиндикализмот''' е гранка на [[Анархизам|анархизмот]] со фокус на трудовото движење. Анархосиндикалистите гледаат на анархосиндикализмот како потенцијална сила за револуционерна општествена промена, заменувајќи ги [[Капитализам|капитализмот]] и [[држава|државата]] со ново општество кое ќе биде демократски самоуправувано од работниците. Анархосиндикалистите сакаат да го напуштат наемниот систем, сметајќи го за наемно ропство, како и да ги напуштат државната или приватната сопственост над средствата за производство бидејќи водат до класни поделби.
И покрај тоа што анархосиндикализмот се јави на почетокот на дваесеттиот век, тој останува популарна и активна школа на анархизмот и денес има многу поддржувачи како и многу активни организации. Анархосиндикалистичките синдикати се разликуваат меѓусебно во економските системи, вообичаено станува збор за [[колективистички анархизам]] или [[Анархистички комунизам|анархокомунизам]]. Историски гледано анархосиндикалистите најчесто се идентификувале како анархокомунисти (на пример [[Луси Парсонс]]) или анархоколективисти (како [[Буенавентура Дурути]]).