Ричард Трети (драма): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
{{викифицирање}}
'''''Ричард Трети''''' е [http://en.wikipedia.org/wiki/Shakespearean_history%20 историска драма] од [[Вилијам Шекспир]], која се верува дека е напишана околу 1591, која го опишува макијавелското[http://en.wikipedia.org/wiki/Machiavellian макевијалиското] воздигнување до моќ и краткото владеење на [http://en.wikipedia.org/wiki/Richard_III_of_England Ричард Трети од Англија]. Драмата е групирана во истoриските драми во [http://en.wikipedia.org/wiki/First_Folio Првото фолио] и најчесто е класифицирана како таква. Понекогаш, како во [http://en.wikipedia.org/wiki/Book_size кварто] изданието, драмата е именувана како [http://en.wikipedia.org/wiki/Shakespearean_tragedy трагедија]. Првата [http://en.wikipedia.org/wiki/Tetralogy тетралогија] на Шекспир (која ја содржи [http://en.wikipedia.org/wiki/Henry_VI,_Part_1 Хенри Шести] делови 1 – 3) завршува со „Ричард Трети“. Се смета дека е една од најдобрите драми на Шекспир.
 
По [http://en.wikipedia.org/wiki/Hamlet ''„Хамлет“''], „Ричард Трети“ е најдолга драма во [http://en.wikipedia.org/wiki/Shakespeare%27s_plays опусот] на Шекспир и е најдолга во Првото фолио каде што верзијата на „Хамлет“ е пократка наспроти онаа во квартото. Драмата ретко се изведува целосна. Честопати некои периферни ликови се целосно отстранети. Во такви случаи за да има некаква врска помеѓу ликовите, честопати се измислува или додава нов текст. Друго објаснување за кратењето е тоа што Шекспир сфатил дека неговата публика е запознаена со драмите за Хенри Шести, и честопати правел индиректни референци на настани во нив, како убиството на [http://en.wikipedia.org/wiki/Henry_VI_of_England Хенри Шести] од страна на Ричард или на победата врз кралицата [http://en.wikipedia.org/wiki/Margaret_of_Anjou Маргарита].
 
'''Лица'''
Ред 93:
'''Сиже'''
 
Драмата започнува со Ричард како го опишува крунисувањето на неговиот брат, кралот [http://en.wikipedia.org/wiki/Edward_IV_of_England Едвард Четврти од Англија], најстар син на починатиот [http://en.wikipedia.org/wiki/Richard_Plantagenet,_3rd_Duke_of_York Ричард, војвода од Јорк].
 
Ред 106:
:(„сонцето на Јорк“ е игра со зборови и се однесува на амблемот „пламтечко сонце“, кое Едвард Четврти го присвоил, и „синот на Јорк“ т. е., синот на војводата од Јорк.)
 
Овој говор ја открива љубомората и амбицијата на Ричард, додека неговиот брат успешно владее со земјата. Ричард е грд [http://en.wikipedia.org/wiki/Kyphosis грбавко] кој е „некултурно подгазен“, „деформиран и прерано роден“ и кој не може да се „перчи пред блудна [http://en.wikipedia.org/wiki/Nymph нимфа].“ Тој одговара на болката од својата состојба со мислата на отфрлените: „Решив ништожник да станам / развратов денешен безделничав да го мразам“. Ричард прави заговор против својот брат Кларенс, кој е пред него во ред за тронот, за да го затвори во [http://en.wikipedia.org/wiki/Tower_of_London Кулата на Лондон], преку некое пророштво кое му го протолкувал на кралот; дека „ '''Џ''' некој породот ќе му го лиши“, а тоа '''Џ''' се однесува на Џорџ од Кларенс.
 
Следно, Ричард и се додворува на „Лејди Ана“ – [http://en.wikipedia.org/wiki/Anne_Neville Ана Невил], вдовица на ланкастриецот [http://en.wikipedia.org/wiki/Edward_of_Westminster Едвард од Вестминстер], Принц од Велс. Ричард признава пред публиката:
 
 
Ред 116:
И покрај омразата во почетокот, лејди Ана е освоена од неговите угоди за љубовта и покајанијата и се сложува да се омажи за него. Кога таа ќе излезе, Ричард слави за тоа што ја освоил и покрај тоа што тој и направил, и на публиката и вели дека, откако ќе си ја заврши својата цел, тој ќе ја откачи.
 
Атмосферата во судот е затруена: одбраните благородници не се во слога со роднините на [http://en.wikipedia.org/wiki/Elizabeth_Woodville кралицата Елизабета], кои се на повисок ранг. Непријатност која е поттурната од махинацијата на Ричард. Кралицата Маргарита, вдовица на Хенри Шести, се враќа јавно да ја одбие протерата и да ги предупреди благородниците за Ричард. Кралицата Маргарита го проколнува Ричард и останатите присутни. Благородниците кои се [http://en.wikipedia.org/wiki/House_of_York јоркци] веднаш се обединуваат против последниот [http://en.wikipedia.org/wiki/House_of_Lancaster ланкастриец], а предупредувањето никој не го зема за сериозно.
 
Ричард наредува на двајца убијци да го убијат Кларенс во кулата. Во меѓувреме, Кларенс го прераскажува сонот што го сонил на чуварот. Во сонот имало екстремно сликовит јазик опишувајќи го Кларенс како паѓа од брод што било резултат на туркањето од Глостер. Под водата Кларенс гледал скелети на илјада мажи „кои биле глодани од рибите“. Исто така гледал „грумења злато, купишта бисер, камења бесценети, огромни блага сите расфрлани по дното морско“. Кларенс додава дека некои скапоцени камења биле во черепите на умрените. Потоа, Кларенс си замислува како умира и е мачен од духовите на својот дедо (Варвик, таткото на Ана) и шура (Едвард, поранешен маж на Ана).
Ред 125:
Следно, еден од убијците му објаснува дека брат му Глостер го мрази, и ги пратил во кулата да го убијат. Тогаш, едниот убиец се предава на својата совест и не сака да учествува, но другиот го прободува Кларенс и го фрла во „бочвата Малмси“. Првиот чин завршува со потребата на злосторникот да најде дупка за да го закопа Кларенс.
 
Наскоро, Едвард Четврти умира. Тој го именува за Заштитник својот брат Ричард, кој се подготвува за отстранување на последната пречка до своето воздигнување. Го среќава својот внук, младиот [http://en.wikipedia.org/wiki/Edward_V_of_England Едвард Петти], кој е на пат кон Лондон за своето крунисување придружен од роднините на вдовицата на Едвард (Лорд Риверс, Лорд Греј и Сер Томас Вон). Нив ги апси Ричард и ги обезглавува, а потоа разговара со принцот и неговиот помлад брат, Војводата од Јорк. Принцовите лесно го надмудруваат Ричард и ја сфаќаат неговата игра со зборови. Ричард е нервозен поради нив и што претставуваат потенцијална закана. Младиот принц и неговиот брат се наговорени (од Ричард) подолго да престојуваат во Кулата на [http://en.wikipedia.org/wiki/London Лондон]. Принцот и неговиот брат Војводата од Јорк докажуваат дека се високоинтелигентни и харизматични лица, храбро надмудрувајќи и отворено исмевајќи го Ричард.
 
Придружен од својот роднина [http://en.wikipedia.org/wiki/Henry_Stafford,_2nd_Duke_of_Buckingham Бакингам], Ричард отпочнува кампања за да се претстави како вистински наследник на тронот преправајќи се дека е скромен, побожен без никакви претензии кон совршенство. [http://en.wikipedia.org/wiki/William_Hastings,_1st_Baron_Hastings Лорд Хестингс], кој е против издигнувањето на Ричард, е уапсен и погубен по измислени тужби. Заедно, Ричард и Бакингам, помогнати од Ретклиф и Лавел, шират гласини дека синовите на Едвард се незаконски и затоа немаат право на тронот. Другите лордови се наговорени кон прифаќање на Ричард како крал, без разлика на опстанокот на неговите внуци ([http://en.wikipedia.org/wiki/Princes_in_the_Tower принцовите во кулата]).
 
Ричард го замолува Бакингам да ја обезбеди смртта на принцовите, но Бакингам се двоуми. Тогаш, Ричард го регрутира Џејмс Тирел кој ги убива двете деца. Кога Ричард не му ја дава ветената земја на Бакингам, тој се свртува против него и оди од страната на Хенри, грофот од Ричмонд кој е моментално протеран. Ричард се загледува во внука си, принцезата Елизабета и ја труе Лејди Ана за да биде слободен да и се додворува на принцезата. Кога кралицата Маргарита пристигнува, војвотката од Јорк и кралицата Елизабета ја жалат смртта на принцовите. Како што беше предвидено, кралицата Елизабета бара помош во колнењето од кралицата Маргарита. Подоцна, војвотката ја употребува оваа лекција и пред да замине го проколнува својот единствен син. Ричард се обидува со своето преправање да влези во „љубовното гнездо“на принцезта Елизабета, но нејзината мајка не е прелажана од неговата елоквенција и дури и успева да го измами и задржи.
 
Со текот на времето, параноичниот Ричард ја губи популарноста што ја имаше. Наскоро тој се соочува со побуна, прво предводена од Бакингам, а потоа од освојувачки настроениот Ричмонд. Бакингам е фатен и погубен. И двете страни се среќаваат за финална битка кај [http://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Bosworth_Field полето Босфор]. Важно за битката е тоа што Ричард во сонот пред битката е посетен од духовите на своите жртви кои му велат „Очајувај и умри!“ Тој се буди извикувајќи [http://en.wikipedia.org/wiki/Jesus „Исус“] да му помогне и полека сфакајќи дека е сам на светот, и не може да се сожали дури и самиот.
 
Во битката на полето Босфор, лорд Стенли (кој е полутатко на Ричмонд) и неговите следбеници ја напуштаат страната на Ричард, поради што Ричард бара погубување на Џорџ Стенли, синот на Лорд Стенли. Ова не се случува бидејќи битката е во полн замав, а Ричард е оставен во голема неповолност. Набрзо во екот на битката Ричард останува без коњ и извикува „Коњ! Коњ! Кралството за коњ!“ Во финалниот дуел, Ричмонд го убива Ричард. Веднаш потоа Ричмонд застанува на тронот како Хенри Седми и се жени со принцезата Елизабета од фамилијата Јорк.
Ред 137:
'''Датум и текст'''
 
Се верува дека „Ричард Трети“ е една од [http://en.wikipedia.org/wiki/Chronology_of_Shakespeare_plays пораните драми на Шекспир], проследена само со трите дела на „Хенри Шести“ и неколку комедии.Се верува дека е напишана во 1591. Иако, на 20 октомври 1597, драмата „Ричард Трети“е внесена во [http://en.wikipedia.org/wiki/Stationers%27_Register регистарот] на [http://en.wikipedia.org/wiki/Worshipful_Company_of_Stationers_and_Newspaper_Makers издавачката компанијаодкомпанија] од страна на продавачот на книги [http://en.wikipedia.org/wiki/Andrew_Wise Ендру Вајс] кој го објавил првото кварто подоцна во истата година, се смета дека „Едвард Втори“ од [http://en.wikipedia.org/wiki/Christopher_Marlowe Кристофер Марло] која не била напишана подоцна од 1592 (Марло умрел во 1593) била напишана под влијание на „Ричард Трети“. Следело второ кварто во 1598 испечатено од Томас Крид за Ендру Вајс. Третото кварто се појавило во 1602, четвртото во 1605, петтото во 1612 и шестото во 1622. Во 1623 следува верзијата на првото фолио.
 
== Теми ==