Бартоломео Растрели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
== Биографија ==
Бартоломео се родил во [[Париз]] во семејството на [[Карло Растрели]], кој бил скулптор и архитект. Во Русија се преселил во 1716 година, кога татко му бил повикан од страна на царот [[Петар Велики|Петар I]] да учествува во изградбата на царскиот дворец. Во младоста од татка си го примил соодветното образпвание, а неговата амбиција била да ги комбинира најновите италијански моди со традициите на [[Московски барок|московскиот барокен стил]]. Првата важна нарачка ја примил во 1721 која била дворец за принцот [[Димитриј Кантемир]], некогашен владетел на [[Молдавија]]. Во периодот од 1725 до 1730 година, заминал да се образува низ [[Европа]], а особено во [[Италија]].
[[Податотека:katerinski dvorec.jpg|мини|лево|170п190п|[[Катерински дворец|Катеринскиот дворец]] во [[Царское Село]]]]
Растрели бил назначен за главен дворски архитект во 1730. Неговите дела им се допаднале на женските монарси во тоа време, и затоа тој ја задржал оваа функција за време на владеењата на цариците [[Ана Ивановна]] и [[Елисавета Петровна]]. Така, во тој период ги изградил [[Рундалски дворец|Рундалскиот]] и [[Митавски дворец|Митавскиот дворец]], кои биле изградени за војводата [[Ернст Јохан Бирон]], близок пријател на царицата Ана. Денес, обата дворци се наоѓаат во [[Латвија]].
[[Податотека:winter_palace.jpg|мини|десно|180п200п|[[Зимски дворец|Зимскиот дворец]] во [[Санкт Петербург]]]]
 
Врвот во својата кариера го достигнал во времето на Елисавета Петровна, за којашто бил назначен да го изгради [[Летен дворец (Русија)|Летниот дворец]] во Санкт Петербург. По него, следувала изградбата на бројни градски дворци и [[Куќа на село|куќи на село]], меѓу кои најпознати се [[Воронцов дворец|Воронцовиот]] и [[Строгановскиот дворец]]. Во периодот од 1747 до 1752 година, Растрели работел на изградбата на [[Голем дворец|Големиот дворец]] во [[Петерхоф]], а во 1747 година ја направил и скицата на [[Андреевска црква|црквата Свети Андреј]] во [[Киев]], чијашто изградба траела од 1749 до 1755 година. Од тој период, познато е и дека работел на изградбата на [[Катерински дворец|Катеринскиот дворец]] во [[Царское Село]].
 
[[Податотека:winter_palace.jpg|мини|десно|180п|[[Зимски дворец|Зимскиот дворец]] во [[Санкт Петербург]]]]
Последните и можеби најголеми проекти на Растрели биле [[Смолински манастир|Смолинскиот манастир]] и [[Зимски дворец|Зимскиот дворец]] во Санкт Петербург. Во Смоленскиот манастир, царицата Елисавета требала да го помине остатокот од својот живот, а проектираната [[камбанарија]] требала да стане највисоката градба во цела Русија. Смртта на Елисавета во 1762 му оневозможила на Растрели да го заврши овој величествен проект целосно.