Кинеска кујна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: id:Masakan Cina
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=август 2010}}
[[Податотека:Chinese meal.jpg|мини|десно|300п|Типична трпеза во провинцијата [[Џиангсу]]]]
'''Кинеската кујна''' ([[кинески јазик|кинески]]: 中國菜, [[ВП:ТК|мак. тр.]] „џунггуо цаи“цај“) води потекло од разните региони во [[Кина]] и денес е распространета во речиси сите земји ширум светот.
 
Регионалните култури во [[Кина]] се разликуваат една од друга во голема мера, па така се разликува и нивната храна. Во Кина постојат осум главни регионални [[кујна (култура)|кујни]]: [[Анхујска кујна|анхујска]], [[Кантонска кујна|кантонска]], [[Сечуанска кујна|сечуанска]], [[Фуџиенска кујна|фуџиенска]], [[Хунанска кујна|хунанска]], [[Џеџианшка кујна|џеџианшка]], [[Џиангсујска кујна|џиангсујска]] и [[шандуншка кујна|Шандуншка]]. Постојат и [[Будистичка кујна|будистичка]] и [[кинеска исламска кујна|муслиманска]] поткујни во рамките на пошироката кинеска кујна.
 
== Кујна ==
Оброкот во [[кинеска култура|кинеската култура]] обично се состои од два или повеќе дела: (1) [[јаглехидрат]]ен или [[скроб]]ен дел, познат како 主食 („чуши“ = главна храна) — обично [[ориз]], [[нудли]] или [[манти]], и (2) придружни јадења [[зеленчук]], [[месо]], [[риба]] или други храни, познати како 菜 („цаи“„цај“ = зеленчук). Ова [[култура|културно поимување]] прилично се разликува од западните кујни, каде изворот на [[протеин|животински белковини]] се смета за [[главно јадење]].
 
Нудлите се мошне важен дел од кинеската кујна. Во многу делови од Кина, особено во [[северна Кина]], предоминираат [[пченица|пченичните]] производи како [[нудли]]те и мантите, додека пак во [[јужна Кина]] предоминира оризот. И покрај важноста на оризот во кинеската култура, по крајно формални прилики оризот сосема се испушта; во таков случај оризот се служи само кога сите други јадења се завршени, или пак како симболично јадење од пржен ориз на крајот на оброкот. [[Супа|супите]] и [[чорба|чорбите]] се служат на почетокот на [[оброк]]от, освен во јужна Кина, каде се служат на крајот.
 
За разлика од другите кујни, оброкот во Кина не завршува со десерт. Слатко јадење може да се послужи само на крајот на формалните ручеци или гозби, и истото се состои од [[овошје]] или [[ТонгТунг суисуј|слатка чорба]] (糖水 = шеќерна вода) која се служи топла.
 
=== Јадења на национално ниво ===