Атентат врз Димо Хаџи Димов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Владо Черноземски
Jingiby (разговор | придонеси)
Владо е Бугарин.
Ред 1:
'''Атентатот врз Димо Хаџи Димов''' бил извршен на 13 септември 1924 година на улицата ''Пиротска'' во [[Софија]]. Хаџи Димов за време на денските часови на 13 септември разбрал за убиството на [[Славчо Ковачев]], негов пријател и сомисленик, за овој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба. Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната ''Галик'' за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев. На улицата ''Пиротска'' тој бил пречекан од [[Владо Черноземски]], кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште два пати. Следниот ден претседателот на Народното собрание на Бугарија дал кратко соопштение дека бил убиен народниот пратеник Димо Хаџи Димов<ref>Дончо Даскалов, Политически убийства...цит., 109.</ref>
 
Убиството било извршено од страна на македонскиот терорист од ВМРО, [[Владо Черноземски|Владо Георгиев]]-Черноземски. Објаснувањето за атентатот било наводното учество на комунистите во убиството на [[Тодор Александров]] <ref>Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Аковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год</ref>.
 
== Извори ==