Отвори го главното мени

Промени

Додадени 11.919 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
 
== Економија ==
 
[[File:Düsseldorf, Königsallee.jpg|thumb|[[Кралска алеја|Кралската алеја]] во [[Диселдорф-Штатмите|Штатмите]]]]
[[File:gehry pano gross.jpg|thumb|[[Рајнтурм]] и зградата [[Франк Гери|Гери]] ''[[Дер ноје Цолхоф]]'' во [[Диселдорф-Хафен|Хафен]]]]
 
Диселдорф не е познат само како центар на германското рекламирање и [[мода|модната]] индустрија: Во последните неколку години градот на Рајна станува еден од најдобрите [[Телекомуникации|телекомуникациски]] центри во Германија. Има 18 [[интернет-услужник|интернет провајдери]] лоцирани во главниот град на Северна Рајна-Вестфалија. Со два од четирите големи германски даватели на мобилни фреквенции, [[Водафон|Д2 Водафон]] и [[Е-Плус]], Диселдорф води на германскиот пазар за [[мобилен телефон|мобилни телефони]]. Исто така, постојат и многу странски трговски центри во Диселдорф како што се [[Нипон Телеграф и Телефон|НТТ]], [[Ериксон]], [[Сандвик]], [[Нокиа]] и ГТС. [[Јуровингс]] и порано независната [[ЛТУ Интернешнал]], се две авиокомпании, со седишта во градот.<ref>"[http://web.archive.org/web/20000606221616/www.ltu.de/kontakt/i_kontakt.html Kontakt]." [[LTU International]]. Retrieved on 21 June 2009.</ref>
 
Многу од интернет компаниите во Диселдорф ги имаат своите корени во светот на маркетингот: Постојат 400 [[Рекламна агенција|рекламни агенции]] во Диселдорф, меѓу кои три од најголемите во Германија: [[ББДО|ББДО Груп]], [[Публицис|Публицис Груп]] и [[Греј Груп]]. Голем број на филијали на странски агенции можат да се спомнат, како што се [[Огилви & Матер]], [[Денцу]], [[Хакуходо]], [[Дигитал Дистрикт]] и [[ДДБ Ворлдвајд|ДДБ]]. Исто така, постојат околу 200 [[Издаваштво|издавачки куќи]] во Диселдорф.
 
Во Диселдорф има околу 170 домашни и [[Глобален финансиски систем|меѓународни финансиски институции]] и околу 130 осигурителни агенции и една од најголемите германски [[берза|берзи]]. Неколку други поголеми компании имаат свои седишта во градот: [[Пик & Клопенбург]] (мода), [[Л'Ореал]] Германија (козметика и убавина); [[Хенкел]] АГ (марка за широка потрошувачка и индустриски технологии); [[Е.ОН]] (енергија); [[Тисен Круп]] (металургија); [[Метро АГ|Метро]] (продажба на големо и мало); Ерго (осигурување); [[ЛТУ Интернешнал|ЛТУ]] (воздушен сообраќај), [[Есприт Холдингс]] (мода, седиште во Ратинген, близу Диселдорф), [[Когнис]] (хемикалии, седиште во Монхајм, близу Диселдорф, но главно производството е во Диселдорф).
 
[[Дајмлер АГ]] ги правеше [[Мерцедес-Бенц Спринтер]] и [[Фолксваген Крафтер]], лесни комерцијални возила во Диселдорф. Од 1960-тите, има силна врска помеѓу градот и [[Јапонија]]. Многу јапонски банки и корпорации ги имаат нивните европски седиште во Диселдорф - толку многу што Диселдорф ја има третата по големина јапонска заедница во Европа, по [[Лондон]] и [[Париз]].<ref name="virtualtourist.com">{{cite web|url=http://www.virtualtourist.com/travel/Europe/Germany/Land_Nordrhein_Westfalen/Duesseldorf-67466/Local_Customs-Duesseldorf-Japanese_Duesseldorf-BR-1.html |title=Japanese Düsseldorf - Düsseldorf Travel Guide - VirtualTourist.com |publisher=VirtualTourist.com |date=2003-02-11 |accessdate=2009-05-05}}</ref><ref name="Japantag in Düsseldorf: Welcome">{{cite web|url=http://www.japantag-duesseldorf-nrw.de/305.html?&L=1 |title=Japantag in Düsseldorf: Welcome |publisher=Japantag-duesseldorf-nrw.de |date= |accessdate=2009-05-05}}</ref>
 
"Ке", што стои за [[кралска авенија]] ("Кенигсалее"), е популарна шопинг-дестинација. Некои од најпознатите продавници за накит, дизајнерски продавници и галерии имаат продавници таму. Ке има највисоки закупнини за продавници и канцеларии во Германија.<ref>{{PDFlink|http://web.archive.org/web/20070809144413/http://comfort-gmbh.de/pressemitteilungen/21.03.2007.pdf|91.4&nbsp;KB}}</ref> [[Диселдорфски саем|Диселдорфскиот саме]] организира неколку меѓународни конгреси и саеми во текот на годината, особено [[боот Диселдорф]] Боат Шоу, [[друпа]] Печатење & Медиуми и цдп Фешн Шоу.
 
=== Медиуми ===
 
Важни весници и списанија како што се ''[[Ханделсблат]]'', ''[[Рајнише Пост]]'', ''Виртшафтсвохе'', ''Дојшес Виртшафтсблат'' и ''ВДИ-Нахрихтен'' се издаваат во Диселдорф. Скоро сите од овие изданија се достапни он-лајн на интернет. Познатите филмски компании, како што е најголемото германско кино-претпријатие, Рих-Груп и ТВ-каналите како што се [[Вестдојчер Рундфунк|ВДР]], [[ЗДФ]] и [[КВЦ]] се исто така лоцирани во Диселдорф.
 
== Сообраќај ==
 
[[File:StadtbahnD.png|thumb|left|мрежата на [[Градска железница на Диселдорф|Градската железница на Диселдорф]], дел од [[Феркерсфербунд Рајна-Рур]]]]
[[File:Duesseldorf international terminal.jpg|thumb|[[Аеродром Диселдорф]]]]
[[File:D-stadtbahn-oberbilkermarkt.jpg|thumb|станица Обербликер Маркт/Варшауер Штрасе на [[Градска железница на Диселдорф|диселдорфското метро]]]]
[[Аеродром Диселдорф]], исто така се нарекува аеродром Рајна-Рур, се наоѓа на осум километри од центарот на градот и може лесно да се стигне со воз или со [[С-железница]]. Постои и [[Железничка станица на аеродром Диселдорф|железничка станица за далечни дестинации]] користена од регионални и домашни служби, која е поврзана со аеродромот од страна на [[Х-железница|Скај трејн]] (воздушен воз), автоматски пренесувач на луѓе. Друга железничка станица се наоѓа под терминалната зграда и ги носи линиите на С-железницата ([[С11 (С-железница Рајна-Рур)|С11]]) до [[Главна железничка станица Диселдорф|Главната железничка станица во Диселдорф]] и до [[Келн]], како и неколку избрани ноќни служби.
 
По Франкфурт и Минхен, аеродромот во Диселдорф е третиот по големина германски [[аеродром|комерцијален аеродром]], со 18,6 милиони патници годишно. Аеродромот нуди 180 дестинации на 4 континенти и опслужува 70 авиокомпании. Аеродромската зграда беше делумно уништена од катастрофалниот пожар предизвикан од заварувачки работи во 1996 година, при што загинаа 17 луѓе. Тој беше целосно обновен и изграден воздушниот воз.
 
Градот е еден од главните центри на железничката мрежа на [[Дојче Бан]] (ДБ). Повеќе од 1.000 возови дневно застануваат во Диселдорф. [[Главна железничка станица Диселдорф|Главната железничка станица во Диселдорф]] на Конрад-Аденауер-Плац се наоѓа во [[Диселдорф-Штатмите]]. Неколку [[С-железница Рајна-Рур|С-железнички линии на Рајна-Рур]] го поврзуваат Диселдорф со другите градови во Рајна-Рур. Локалниот сообраќај на [[лесен шински систем]] на [[Градска железница на Диселдорф|Градската железница]], како и автобускиот сообраќај се врши од страна на [[Рајнбан]], во сопственост на градот, кој работи во рамките на [[Феркерсфербунд Рајна-Рур|ФРР]] [[јавен транспорт|јавниот транспортен систем]]. Лесниот шински систем исто така ги опслужува и соседните градови и делумно се движе и подземно.
 
Главната железничка и железнилката станица на аеродромот (Flughafen-Bahnhof) се поврзани со домашните и [[Брзи-железници во Европа|европските железнички системи со големи брзини]] (Интерсити/Јуросити, ИЦ/ЕЦ и [[Интерсити експрес]]).
 
Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на [[Германски автопати|аутобани]] во Германија и Диселдорф директно е достапен преку [[Автопат 3 (Германија)|A3]], [[Автопат 44 (Германија)|А44]], [[Автопат 46 (Германија)|A46]], [[Автопат 52 (Германија)|A52]], [[Автопат 57 (Германија)|A57]], [[Автопат 59 (Германија)|A59]] и [[Автопат 524 (Германија)|A524]].
 
== Култура и рекреација ==
 
 
 
=== Пиво ===