Свети тајни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 70:
 
Видливата страна на оваа Света тајна се состои во усмено исповедање на гревовите, благословот од свештеникот и одредените молитви. Невидливата страна се изразува во невидливо опростување на гревовите под дејство на благодатта Божја. За оваа Света тајна верниците се подготвуваат преку пост, [[молитва]] и правење добри дела. Потоа, испитување и сознавање на своите гревови, зашто без сознание на гревовите не е можно да има вистински покајание, потполно исповедување на грвовите пред свештеникот, крстот и иконата, со ветување дека ќе продолжи да живее според Божјите закони, бегајќи од гревот, а сé со цел да добие спасение на душата.
 
== Свештенство ==
'''Свештенството''' ([[грчки]]: ''Εκκλησιαστικός κλήρος'' - црковен клир), односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на [[Исус Христос]] во црквата <ref>Мт 28,20</ref>, која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку [[Светиот Дух]], како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во брквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите.
 
Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на [[Светиот Дух]], кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците <ref>1Пет 2,25</ref>.
 
== Наводи ==