Свети тајни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Светите Тајни според христијанските верувања претставуваат постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со [[Бог]]. Тие се плодови на животот и смртта на [[Исус Христос]] и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и црквата, можат да бидат видливи и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на [[Свети Јован Златоуст]], тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваат христијаните за нив не е исто со она што го гледаат, односно човекот гледа едно нешто, но верува во друго.
 
===Крштевање===
Крштевањето во [[христијанство]]то е темелна [[Свети тајни|тајна на црква]]. По применото крштевање, лицето може да биде наречен христијанин, станува полноправен член на христијанската црква и стекнува право на сите останати тајни и богослужби на црквата, но и на себе ги прима сите останати одговорности во црквата. Самото крштевање било потенцирано и од страна на [[Исус Христос]]:
 
{{cquote|Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!<ref>Матеј 28:19</ref>}}
 
{{cquote|Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние? И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа}}
 
Исто така, преку крштевањето според христијанската традиција, се влегува во црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Исус:
 
{{cquote|Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо)}<ref>Јован 3, 5</ref>
 
Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од [[Светиот Дух]]. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови.
 
Крштевањето се практикувало уште во најстаро време, како симбол на физички и морален очај. Христијанското крштевање води потекло од Исусовото крштење од страна на [[Јован Крстител]]. Во [[Рано христијанство|првите векови на христијанството]], крштевањето секогаш претходело на запознавањето на верникот со религијата. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање и определен период да се пуштат во пост и молитва. За да верниците бидат крстени, тие морале да се покажат како достојни за таа работа. Периодот можел да достигне и до две години, за да доколку се покажат достојни, да следи обредот на самото крштевање.
 
Во раната црква, исто така крштевањето се одвивало преку потопување во вода. Таа форма се практикува и денес во Источната црква, кај Баптистите, Адвентистите и други протестантски деноминации.