Свети тајни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Светите тајни (грчки μυστήρια) претставуваат христијански обреди. Нивниот број се разликува според различните христијански деноинации.
Во Православието Светите тајни се: крштевање, миропомазание, евхаристија, покајание, Свештенство, брак и елеосвештенство. Самиот пристап на првославниот христијанин во црквата претставува света тајна. Според христојанското верување, светата тајна претставува чин на преобразба. Исус Христос не само што ги спасува луѓето, туку и им ги простува ниовните гревови и ги преобразува нивните животи.
Светите Тајни според христијанските верувања претставуваат постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бог. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и црквата, можат да бидат видливи и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваат христијаните за нив не е исто со она што го гледаат, односно човекот гледа едно нешто, но верува во друго.