Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 46:
 
Во заклучокот, сите главни ликови се наоѓаат пред Просперо, кој му простува на Алонсо. Тој исто така им простува на Антонио и Себастијан, но и ги предупредува да не направат уште едно предавство. На Ариел му е доделена задачата да создаде погодно време за патување и кое ќе ги води Алонсо и неговите сопатници (вклучувајќи ги Просперо и Миранда) назад кон кралската флота и потоа до Неапол, каде Фердинанд и Миранда ќе се венчаат. Откако Ариел ќе ја заврши оваа задача, тој ќе биде слободен. Просперо му простува на Калибан, кој е испратен да го подготви домот на Просперо, во кој Алонсо и неговата дружина се поканети на последна ноќ на островот пред да заминат. Просперо вели дека тој планира да ги забавува со неговата приказна за тоа како тој живеел на островот. На крајот, Просперо се одлучува да го скрши и закопа својот магичен стап и да ја „потопи“ својата книга со магии, и во епилогот, лишен од своите магични моќи, ја каниа публиката да го ослободи со аплауз.
==Дата и извори==
 
Повеќето научници сметаат дека „Бура“ е напишана околу 1610-1611 година и генерално е прифатено дека оваа драма е последна драма која [[Шекспир]] ја напишал сам. Научниците исто така не можат да утврдат дали оваа драма е напишана пред, подоцна или пак во исто време со „Приказната за зимата“, драма на која исто така не може да и се одреди времето кога е напишана. Едвард Блунт ја регистрирал „Бура“ во регистарот на 8 ноември 1623 година и е една од шеснаесетте Шекспирови драми кои Блунт ги регистрирал на таа дата.
 
==Современи извори==
 
Не постои единствен и очигледен извор кој служи како основа за приказната во „Бура“; драмата изгледа дека е составена од повеќе извори.Уште од 18 век, од самото започнување на школото кое ги истражува изворите, истражувачите пронашле извадоци во „Бура“ од „Нафрагиум“, напишана од Ерасмус, и преводот на Ричард Еден од 1555 за „Де орбо ново“, напишана од Питер Мартр. Притоа, повеќето критичари сметаат дека „Вистинскиот извештај за бродоломот и избавување на Сер Томас Гејтс, витезот“ на Вилијам Страхеј, извештај кој е изјава од очевидец за потонувањето на бродот „Морско патување“ на островот Бермуда во 1609 година додека пловел кон Вирџинија, е земен како основен извор на [[Шекспир]] за „Бура“ поради сличностите во темата, приказната и речникот. Иако не е објавена се до 1625 година, изјавата на Страхеј, една од неколкуте кои го објаснуваат инцидентот, е датирана од 15 јули 1610 година и критичарите велат дека [[Шекспир]] морал некаде да го види ракописот таа година. Е.К. Чејмберс го гледа „Вистинскиот извештај“ како шекспировиот „главен мотив“ за „Бура“, и современите издавачи велат дека [[Шекспир]] сигурно „преземал“ од Страхеј и Монтањ одредени делови во драмата. Но исто така има и скептицизам за наводното влијание на Страхеј. Кенет Мур тврди дека “нема сомневање дека [[Шекспир]] го прочитал „Вистинскиот извештај“ на Вилијам Страхеј, но степенот на вербалното ехо кој памфлетите го имаат е претеран. Не постои бродолом во историјата или фикцијата во кој не се спомнува делење, тонење на бродот поради товарот, сметањето на патниците за изгубени, недоволната острина на северните ветрови или пак неспособноста на патниците да се фатат за остатоците од бродот и да одпливаат до брегот“, и продолжува да вели дека „известувањето на Страхеј за бродоломот е комбиниран со мемоарите на Свети Павле и разговорите на Ерасмус“.
 
Викторијанските антиквари Џозеф Хантер и Карл Елц го оспориле датумот на објавување (1610-1611), и ова оспорување е оживеано од Роџер Стритматер и Лин Коситцки во 2007, односно 2009 година. Тие велат дека изворите кои се пред писмото на Страхеј се совпаѓаат со шекспировите изразувања и текстови.
 
Друг преживеан од бродоломот, Силвестер Журден, исто така објавил извештај „Откритие на Бермудите“ датирано 13 октомври 1610 година, и Едмонд Мелоун, базирајќи ги своите аргументи на извештајот на Силвестер Журден, не се согласува со датумот на објавување (1610-1611).
 
==Текст==
 
„Бура“, во споредба со другите драми на [[Шекспир]], претставува релативно мали текстуални проблеми. Текстот во својата денешна форма има едноставна историја; за првпат е објавено во „Првото фолио“ во декември 1623 година. Во ова издание, „Бура“ е првата драма во делот за комедии и притоа е првата драма со која започнува збирката. Ова издание исто така вклучува повеќе упатства за на сцената од која било друга драма на [[Шекспир]], иако овие упатства изгледа дека се напишани повеќе за читателот отколку за актерот. Ова ги наведува научниците да мислат дека издавачите на „Првото фолио“, Џон Хемингс и Хенри Кондел, ги додале упатствата во фолиото за да му помогнат на читателот и дека [[Шекспир]] немал намера да ги вклучи упатствата во драмата. Проучувачите исто така се запрашуваат за маскарадата во чин 4, која изгледа дека е додадена како последна , во чест на венчавањето на принцезата Елизабета и Фредерик Петти во 1613 година. Но други научници не се согласуваат со ова и сметаат дека ако се исфрли маскарадата од драмата, тоа ќе создаде повеќе проблеми.