Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
 
Капетанот на бродот
 
==Краток преглед==
 
Маѓесникот Просперо, вистинскиот војвода на Милано и неговата ќерка Миранда, се заборавени на остров дванаесет години откако љубоморниот брат на Просперо, Антонио – потпомогнат од кралот на Неапол, Алонсо – го отфрла од тронот Просперо и го остава на брод со неговата тригодишна ќерка Миранда. Гонзало, кралскиот советник, тајно го полни бродот со многу храна, вода, алишта и највредните книги од библиотеката на Просперо. Поседувајќи волшебни моќи кои ги добил благодарение на долгогодишното образование и читање, на Просперо му служи дух по име Ариел, кој Просперо го спасил од дрво во кое Ариел бил заробен од вештерката Сикоракс. Просперо ја одржува лојалноста на Ариел ветувајќи му дека ќе го ослободи од должноста. Сикоракс била протерана на островот и починала пред да пристигне Просперо. Нејзиниот син Калибан, деформиран монструм и единствениот жител на островот пред пристигнувањето на Просперо, бил посвоен и одгледан од Просперо. Тој го научил Просперо како да преживее на островот, а за возврат Просперо и Миранда го учеле Калибан за религијата и нивниот јазик. Откако Калибан се обидел да ја силува Миранда, Просперо, со помош на своите моќи го направил Калибан свој роб. Како роб, Калибан започнал да ги мрази Просперо и неговата керќа, додека, Просперо и Миранда го гледаат Калибан со презир и одвратност.