Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
„Бура“ не привлекувала доволно внимание пред затворањето на театрите во 1632 година и станала популарна по Реставрацијата, но само во приспособени верзии. На половината од 19 век, театарските продукции започнале да го враќаат оригиналниот текст, а во 20 век критичарите и научниците започнале значајно проучување на вредноста на драмата и ова го променило мислењето за драмата до таа мера што сега оваа драма се смета за едно од најдобрите дела на Шекспир. Драмата е адаптирана многу пати во различни стилови и форми; во музиката, во најмалку 46 опери од композитори како што се Фроментал Халеви, Зденек Фибих, Ли Хоиби и Томас Адес; во оркестарски дела од Чајковски, Артур Саливан и Артур Хонегер; во песни од различни изведувачи како што се Ралф Вилијамс, Мајкл Њуман и Пит Сигер; во литературата, поемите како „Со гитара“ и „До Џејн“ на Перси Биш Шели и поемата „Морето и огледалото“ на В.Х. Одн; во новелите на Еме Чезаре и Маргарет Лоренс; во сликите од Вилијам Хогарт, Хенри Фусели и Џон Еверет Миле; во кинематографијата, во сценскиот перформанс на Херберт Бирбум Три во 1905 година, во научно-фантастичниот филм „Забранетата планета“ во 1956 и во „Книгите на Просперо“ на Питер Гринавеј во 1991 година, вклучувајќи го Џон Гилгуд како Просперо.
 
== '''Ликови''' ==
 
Просперо – вистинскиот војвода на Милано, маѓесник и протагонистот на драмата.