Миропомазание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Начин ==
 
Обредот односно начинот на миропомазание е следниот: се помазува челото – за осветување и просветување на умот; градите – за осветување и просветување на срцето; очите, ушите, устата – за осветување и просветување на надворешните сетила; рацете и нозете – за осветување и просветување на севкупната дејност и однесување на верникот. Помазувањето се врши со свето миро. Тоа е густа течност, составена од чист [[елеј]], [[вино]] и многу други миризливи состојки, и осветена од епископите[[епископ]]ите. Правото за осветување миро им припаѓа само на епископите, а правото за вршење на светата тајна миропомазание им припаѓа на епископите и на свештениците.
 
Помазувањето се врши веднаш по [[Крштевање]]то, или во случај, кога некој, кој бил крстен во црквата, ќе отпадне од верата, и ако сака пак да се врати во светата црква, бива приман назад во црквата преку миропомазание, за да се утврди во верата преку печатот на дарот на [[Светиот Дух]].
 
== Наводи ==