Крштевање: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Крштевањето''' ([[грчки]]: ''βαπτίζω'') претставува ритуално очистување на телото во вода.
 
Крштевањето во [[христијанство]]то е темелна [[Свети тајни|тајна на црква]]. По применото крштевање, лицето може да биде наречен христијанин, станува полноправен член на христијанската црква и стекнува право на сите останати тајни и богослужби на црквата, но и на себе ги прима сите останати одговорности во црквата. Самото крштевање било потенцирано и од страна на [[Исус Христос]]:
 
{{cquote|Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!<ref>Матеј 28:19</ref>}}
 
{{cquote|Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние? И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа)}}
 
Исто така, преку крштевањето според христијанската традиција, се влегува во црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Исус:
 
{{cquote|Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо)}<ref>Јован 3, 5</ref>)}
 
Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од [[Светиот Дух]]. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови.