Разлика помеѓу преработките на „Peer-to-peer“

Одземени 20 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
{{внимание}}
{{вики}}
Поимот ‚'''peer to peer'''‘ првично се употребувал за опис на [[комуникација]] помеѓу два „јазли“ (peers), аналогно на [[телефон]]скиот разговор, во кој учесниците во [[point-to-point]] конекцијата имаат еднаков статус. P2P претставува „точка до точка“ конекција помеѓу два еднакви партици-панта.
 
Интернет-мрежата започнала токму како peer-to-peer систем. Целта на [[ARPANET]] била да овозможи споделување на технички ресурси во [[САД]]. Предизвикиот бил да се поврзе сет од дистрибуирани ресурси, притоа користејќи различно мрежно поврзување, во рамки на една заедничка мрежна архитектура. Првите „домаќини“ на ARPANET биле неколку американски универзитети, кои веќе биле технички независни и со еднаков статус. ARPANET ги поврза во мрежа на еднакви „јазли“, а не во master-slave или клиент-сервер релации.
Сето ова придонесе да се смени структурата и начинот на кој се разменуваат информациите на глобалната мрежа, а интернетот ја изгуби својата првична peer-to-peer природа. Меѓутоа, со појавата на Napster во [[1999]] година, климата повторно почна да се менува, а P2P мрежите, условно кажано, се вратија „во живот“. Членовите на Napster заедницата можеа да преземат апликација за пребарување на локалните хард-дискови на останатите корисници, со цел да пронајде, а потоа и преземе МР3 податотеки директно од другиот „јазол“.
 
До крајот на годината сервисот стекна милиони членови, но и многу непријатели, пред сe, од забавната индустрија, кои претрпуваа големи загуби поради активноста на Napster. По долги битки во судницата, сервисот престана со работа во 2001 година, но неговото „дело“ продолжи преку [[Kazaa]], [[Gnutella]], [[Audiogalaxy]], [[iMesh]] и слични.
 
==Архитектура на P2P системи==
Анонимен корисник