Помошна организација на ВМРО: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
 
Својата конечна физиономија ја добива во времето кога на чело на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] застанува [[Ванчо Михајлов]]. Тој успеал да оневозможи било каква јавна политичка дејност што не била во согласност со самата Организација. ВМРО успеала да ја попречи работата на Бугарската комунистичка партија и други организации и друштва во [[Пиринска Македонија]]. Граѓанските партии тешко успевале да истакнат и да изберат свои кандидати за општинските совети или народното собрание во Бугарија. За политички преставници биле бирани лица од македонската средина кои биле блиски до [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]].
 
Пратениците во бугарското собрани од Пиринска Македонија образувале [[Македонска парламентарна група|македонска парламентарна група]], сите тие биле избрани со подршка и помош на Организацијата и во собранието воделе сметка за интересите на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]].
 
Постепено ВМРО успеала да се наметне врз сите македонски организации и друштва во Бугарија: Илинденската организација, Македонскиот национален комитет на братствата, Македонскиот младински сојуз, Студенското друштво Вардар и итн.
 
== Извори ==