Букурешт: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ace, af, am, an, ar, arz, ast, az, be, be-x-old, bg, bn, bo, br, bs, ca, co, crh, cs, csb, cv, cy, da, de, diq, ee, el, en, eo, es, et, eu, fa, fi, fo, fr, frp, frr, fy, ga, gd, gl, gv, he, hi, hif, hr, hsb, ht, hu, hy, ia, id, i |
с Бот Додава: ckb:بوخارێست; козметички промени |
||
Ред 1:
[[
[[
[[
'''Букурешт'''(на [[романски]] București)
Според
Економски, Букурешт е најпросперитетниот град во Романија, и еден од главните индустриски и транспортни центри во [[Источна Европа]].
Вистинското административно име на градот е Општина Букурешт (''Municipiul Bucureşti'') и се наоѓа на исто административно ниво, како и покраина,
== Етимилогија ==
[[
Името [[Букур]] има неодредено потекло, традицијата го поврзува основањето на Букурешт со името Букур, кој бил, според различни легенди, принц,одметник, рибар, овчар, или ловец. На Романски, коренот на зборот ''Букур'', значи радост, милост.
Официјалното име на градот во целина е Општина Букурешт (на Романски ''Municipiul București'').
Жителите на Букурешт се нарекуваат Букурештани (на романски ''bucureștean'').
== Историја ==
Историјата на Букурешт поседува периоди на прогрес и регрес, од самите почетоци на [[Антиката]] па се до неговото официјализирање како претстолнина на Романија во доцниот 19ти век.
Прв пат е споменат во 1495година, како ,,[[Катедралата]] на Букурешт”, кога станува резиденција на Влашкиот принц Влад III Цепеш. Стариот Двор на принцот (''Curtea Veche'') беше изграден од
Во почетокот на 17от век, бил запален од Отоманците и на кратко бил запоставен од принцовите. Букурешт бил подоцна обновен, и продолжил да расте, како во големина, така и во просперитет. Центарот се наоѓал во околината на улицата ,,Uliţa Мare”, која од 1579 година е позната како Липсцан(Lipscani). Пред 18от век, Букурешт станал најважниот трговски центар на Влахија и станува постојана локација на Влашкиот двор, по 1698 година (
[[
Градот бил делумно уништуван од природни катастрофи, и реновиран неколку пати во текот на наредните 200години, бил погоден од чума во 1813-1814 година, бил отргнуван од Отоманската Империја од страна на Хабсбургшката монархија на неколку наврати (1716,1737,1789година) и од страна на Царска Русија (три пати помеѓу 1768 и 1806година). Бил под [[Руска администрациона контрола]], помеѓу 1828 и [[Кримската војна]], со пауза помеѓу [[Влашката револуција]] од
Во 1861година, кога Влахија и [[Молдавија]] се соединија за да се формира [[Кнежевството Романија]]. Букурешт стана новата престолнина на градот, а во 1881година, стана политички центар на новосоздаденото Романско Кралство.
Помеѓу 6ти декември 1916 и ноември 1918година, беше окупиран од [[Германските]] сили, а престолнината беше преместена во [[Јаши]](Iași). После [[Првата Светска војна]], Букурешт стана престолнина на Голема Романија. Во јануари 1941година, беше центарот на [[Бунтот на легионерите и Букурешкиот погром]]. Како романска престолнина на Силите на Оската, Букурешт претрпе големи загуби во периодот на [[Втората Светска војна]], поради бомбардирањата од страна на [[Сојузниците]], и на 23ти август 1944 година, доживеа државен удар, кој ја приближи Романија до Сојузниците, преживувајќи краток но деструктивен период на бомбардирања од страна на Луфтвафе(Luftwaffe).
[[
За време на вледеењето на [[Николае Чаушеску]](1965-1989), најголемиот дел од градот беше уништен и заменет со комунистичка архитектура, особено со апартмаснки блокови. Најдобар пример за овој вид на архитектура е [[Цивилниот Центар]](Centrul Civic), вклучувајќи ја и [[Палатата на Парламентот]] каде што цело едно историско подрачје беше срамнето со земја, за да се направи пат за мегаломанските градења на Чаушеску. На 4ти март 1977година, земјотрес со центар во Вранчеа, околу 135 километри надвор од Букурешт, резултираше со загубата од 1500 животи и уништи многу стари градби. Без оглед на сè, некои историски региони преживеаа и до денес.
[[Романската револуција]] од 1989 година, започна со масовни анти-Чаушеску протести во [[Темишвар]](Timișoara), во декември 1989година, и продолжија во Букурешт, резултирајќи со отфрлувањето на [[Комунистичкиот режим]]. Незадоволни со пост-револуционерното владеење на [[Националниот Фронт за Спас]], студентските групи и опозицијата организираа масовни протести кои продолжија во 1990година и беа насилно прекинати од страна на рударите од [[Vаlea Jiului]]. Други протести следеа, кои придонесоа кон промена на власта.
По 2000година, поради економскот бум во Романија, градот беше модернизиран и се до денешен ден поминува низ период
=== Повелби потпишани во Букурешт ===
* Повелбата од 28мај, 1812, на крајот од руско-турската војна
* Повелбата од 3март, 1886, на крајот од српско-бугарската војна
* Повелбата од 10август, 1913, на крајот од Втората Балканска Војна
* Повелбата од 4август, 1916, повелбата за алијанса помеѓу Романија и Антантата
* Повелбата од 6мај, 1918, повелбата меѓу Романија и Централните Сили
== Географија ==
=== Општи информации ===
[[
[[
Букурешт е позициониран помеѓу бреговите на [[Дамбовица]](Dâmbovița), која се влева во Арџеш(Argeș), и е притока на [[Дунав]]. Неколку езера,од кои што најважните се:
Покрај Чижмиџиу, Букурешт има повеќе големи паркови и градини, вклучувајќи го паркот [[Херастрау]] и [[Ботаничката Градина]]. Херастрау е голем јавен парк, лоциран во северниот дел од градот, во близина на езерото Херестрау, и Селскиот Музеј, додека пак Ботаничаката Градина во Букурешт, е најголемата во Романија и содржи преку 10.000 видови растенија, повеќето егзотични, а во текот на историјата претставуваше и рекреативен парк на кралската фамилија.
[[
[[
Букурешт се наоѓа во јужно-источниот дел на [[Романската рамнина]], во регионот кој порано бил покриен од шумата Влашиеи(Vlăsiei), која, откако била покосена, се создало место за обработлива почва. Како и многу други [[градови]], Букурешт се смета дека е основан помеѓу седум рида, слично како седумте рида на [[Рим]].
Градот зафаќа површина од 226 км2, висината варира од 55,8метри (кај мостот на Дамбовица во јужно-источен Букурешт) и 91,5 метри (кај црквата во Милитари). Градот има релативно кружен облик, каде што центарот е ситуиран проближно на раскрсницата помеѓу северно-јужната и источно-западната оска на [[Универзитетскиот Плоштад]].
Сè до неодамна, регионите кои го опколуваат Букурешт беа претежно рурални, но по 1989 година, нови предградија започнаа да се градат околу Букурешт, во околната општината [[Илфов]] (Ilfov). Подоцнежна урбана консолидација, е планирана да се одржи во 2006година, кога ќе се формира централното букурешко подрачје кое ќе содржи повеќе општини како и градот Илфов.
=== Клима ===
Букурешт има [[влажна континентална клима]], поради неговата позиција во однос на Романската рамнина, зимите се ветровити, иако некои од ветровите се задржани од страна на околните ридови. Зимските температури често паѓаат под 0 степени,а понекогаш стигнуваат и до -20степени. Во лето, просечната температура е 23 степени (средната вредност на температурите за јули и август), без оглед на фактот дека температурите често достигаат и 35 до 40 степени во средината на летото, во градскиот центар. Иако средниот износ на [[врнежи]] и [[влажност]] за време на летото се ниски, има повремени бури. За време на пролетта и есента, просечните дневни температури варираат помеѓу 17 и 22 степени, а врнежливоста во овој период има тенденција да биде поголема од летниот, со почести но поблаги врнежливи периоди.
== Закони и Влада ==
=== Администрација ===
[[
[[
Букурешт има специфичен статус во Романската Администрација, бидејќи тоа е едиствената општина која не е дел од покраина. Населението е поголемо од било која друга романска покраина и од таму доаѓа моќта на Букурешкото Градско Собрание(''Primăria Generală''), кое ја претставува локалната власт, и има иста дури и поголема моќ од таа на романските покраински собранија. Градот го води [[градоначалник]](Primar General), од 2010година тоа е Сорин Опреску([[Sorin Oprescu]]). Одлуките се одобруваат и дискутираат во [[Генералниот Совет]](Consiliu General) кој е составен од 55 избрани советници.
Градот е поделен на шест административни единици, од кои секоја има совет на единицата, каде што учествуваат 27 членови, градски совет и градоначалник. Моќите на локалната власт на специфична област се поделени помеѓу букурешкото Градско Собрание и Собранијата на локалните единица без преклопувања во авторитетот. Главното правило е дека главниот градски Совет
[[
Шестте единици се нумерирани од 1 до 6 и се лоцирани во круг, така што секоја би имала дел од градскиот центар. Нумерирањето ги следи стрелките на часовникот и се понатаму поделени на маала, кои не се официјални.
* Сектор 1 (227,717 жители): [[Dorobanți]], [[Băneasa]], [[Aviației]], [[Pipera]], [[Aviatorilor]], [[Primăverii]], [[Romană, Victoriei]], [[Herăstrău Park]], [[Bucureștii Noi]], [[Dămăroaia]], [[Strǎulești,Grivița]], [[1 Mai]], [[Băneasa Forest]], [[Pajura]], [[Domenii]] и мал дел од [[Giulești]] кое го вклучува и Giulești Stadium
* Сектор 2 (357,338 жители): [[Pantelimon]], [[Colentina]], [[Iancului]], [[Tei]], Floreasca, Moşilor, Obor, [[Vatra Luminoasă]], Fundeni, [[Plumbuita]], Ștefan cel Mare, Baicului
* Сектор 3 (399,231 жители): [[Vitan]], Dudești, [[Titan]], Centrul Civic, Dristor, [[Lipscani]], Muncii, Unirii
* Сектор 4 (300,331 жители): [[Berceni]], [[Olteniței]], [[Giurgiului]], Progresul, [[Văcărești]], Timpuri Noi, Tineretului
* Сектор 5 (288,690 жители): [[Rahova]], [[Ferentari]], Giurgiului, [[Cotroceni]], [[13 Septembrie]], Dealul Spirii
* Сектор 6 (371,060 жители): [[Giulești]],[[Crângași]], Drumul Taberei, [[Militari]], [[Grozǎvești]], Ghencea
Како сите други собранија во Романија, букурешкото собрание на единици, главното [[градско Собрание]] и градоначалниците се избираат на секои 4 години од страна на граѓаните. Букурешт има и префект кој се назначува од централната Влада на Романија. Префектот не смее да биде дел од ниедна политичка партија. Неговата улога е да ја претставува Владата на локално ниво, олеснувајќи ја имплементацијата на националниот план за развој, и програмите за валдеење на локално ниво. Сегашниот префект на Букурешт е [[Михаи Кристиан Атанасоаиеи]] (Mihai Cristian Atanasoaiei).
Општината Букурешт заедно со Илфов, го формира [[буккурешкиот реон за развој]], кој е еквивалент на
=== Правен систем ===
[[
Букурешкиот правен систем е сличен со тој на ромаснките покраини. Секоја од шестте единици има свој локален Суд од Прва Инстанца('''judecătorie'''). Додека жалбите на судските пресуди и посериозните случаи се носат на букурешкиот Трибунал кој е градскиот Основен Суд. Букурешкиот Апелационен Суд донесува одлуки после подигнатите жалби на одлуките донесени од судовите во Букурешт и во петте околни покраини (Телеорман, Јаломица, Џурџу,Калараши и Илфов). Букурешт е исто така престолнина на романскиот [[Врховен Суд]], [[Касациониот Суд]] и [[Уставниот Суд]] на Романија. Букурешт има своја општинска полиција, букурешката Полиција која е одговорна за справување со криминалот во целиот град и е поделена на неколку специјални дивизии. Седиштето на букурешката Полиција е на булеварот Штефан Чел Маре во градскиот центар и има голем број на полициски станици распространети низ целиот град.
=== Криминал ===
Стапката на криминал во Букурешт е прилично ниска во споредба со другите [[Европски]] престолнини. Криминалот опадна за 51% помеѓу 2000 и 2004 година. Стапката на криминал е релативно ниска, со 11 убиства и 983 други прекршоци во 2007година. Иако неодамна имаше голем број на решени случаи во однос на [[организирани криминални банди]] (Каматару кланот), организираниот криминал генерално нема некое големо влијание на јавниот живот. Како и да е ситниот криминал е чест, особено во форма на џепарење, кое најчесто се одвива во градската транспортна мрежа. [[Измами од доверба]], беа честа глетка во 1990те години, најмногу во однос на туристите, но фреквентноста на овие измами опадна во последните години. Нивото на криминал е повисоко во јужните делови на градот, особено во Ферентари, кој е посиромашен дел од градот.
=== Кучиња скитници ===
Кога [[градскиот Плоштад]] беше изграден, околу 40.000 фамилии и 3.000 домашни миленици беа преселени од своите домови. Поголемиот број од овие кучиња станаа скитници. Непланското размножување донесе до популација од 250.00 кучиња скитници во 2001. Градоначалникот Трајан Басеску ([[Traian Băsescu]] )имаше план да изврши еутаназија на кучињата скитници, но интернационална жалба која беше поведена од актерката Брижид Бардо, резултираше со замена на друг вид на Програма.
=== Животен квалитет ===
Како што е наведено во интернационалната анкета на Мерсер( [[Mercer]] ), за животетен квалитет околу светот, Букурешт се наоѓаше на 94то место во 2001година, а подоцна падна на 108то место во 2009година. Виена , во 2009година, е на првото место.
== Демографија ==
[[
Градско население според цензусот во 2002 година, е 1.926.334 жители, или 8,9 % од вкупното население во Романија. Поради неодманешниот процес на гентрификација, има повеќе од 200.000 луѓе кои го посетуваат градот секој ден, најмногу од околниот Илфов. Населението во Букурешт искуси две фази на брз пораст. Првата фаза е во доцниот 19ти век, кога градот порасна во големина и во значење, и вториот за време на [[Комунистичкиот период]], кога се започна масивна камапања за [[урбанизација]] и многу луѓе мигрираа од рураните делови во престоилнината. Во ова време поради забраната на Чаушеску за абортус и контрацепција, [[природниот пораст]] на населението исто така беше значителено зголемен.
Околу 96,9% од населенито во Букурешт се [[Романци]]. Втората по ред етничка група се [[Ромите]] (1,4% од населението). Други значителни групи се [[Унгарците]](0,3%), [[Евреите]](0,1%), [[Турците]](0,1%), [[Кинезите]](0,1%) и [[Германците]](0,1%). Релативно мал дел од букурештаните се од грчко, северно-американско,француско, ерменско, липовечко и италијанско потекло. Грците и Арменците одиграле значајна улога за животот во градот, кон крајот на 19от век и почетокот на 20от век. Една од најзначајните грчки маала е [[Витан]],каде што живеело и еврејско население кое исто така живеело и во Вакарешти и во околината на плоштадот Унири.
Во поглед на религија, 96,1% од населението е [[православно]], 1,2% е [[католичко]], 0,5% е [[муслиманско]], 0,4%е [[грчко-католичко. Без оглед на ова, 18% од населението,без оглед на религијата, посетуваат религиозни храмови, еднаш или повеќе пати во неделата. Животниот распон на букурештаните од 2003 до 2005година беше 74,14 години, односно две години повеќе отколку просекот на целата држава. Женскиот просек изнесуваше 77,41 година, во споредба со мажите кај кои изнесуваше 70,57 години.
== Економија ==
[[
[[
Букурешт е центарот на романската економија и [[индустрија]] ,придонесувајќи со 14,6% од државниот бруто домашен производ и со една четвртина од индустриското производство, додека е населено со само 9% од вкупното население на земјата. Околу една третина од националниот данок се плаќа од страна на букурешките државјани и компании. Во 2007 година, судејќи според куповната моќ, Букурешт имаше бруто домашен производ
Букурешката економија се врти околу индустријата и услугите. Услугите особено го зголемија значењето во последните 10 години. Седиштето на 186.000 фирми, вклучувајќи ги речиси сите големи романски комапании, се лоцирано во Букурешт. Значаен извор на порастот од 2000година беше забрзаниот развој во недвижнините и градежништвото. Букурешт исто така, главниот романски центар за информациони и комуникациски технологии , е седиште на повеќе софтвер комапнии кои ги нудат своите услуги во Романија и странство. Најголемата берза во Романија, букурешката берза, која беше соединета во декември 2005 година, со електронската Rasdaq, игра голема улога во економијата на градот.
Постојат голем број на меѓународни синџири на супермаркети ,како Керфур([[Carrefour]]), Кора([[Cora]]), и Метро([[Metro]]). Во моментов, градот доживува бум во продажбата на мало, со голем број на супер и хипер маркети изградени секоја година. Неколку од најголемите и најмодерните шопинг центри во Букурешт се
== Јавен транспорт ==
[[
[[
Сеопфатниот систем на јавен транспорт во Букурешт е најголемиот во Романија и еден од најголемите во Европа. Се состои од [[букурешкото метро]], како и надземниот транспортен систем воден од РАТБ ([[RATB]]-Regia Autonomă de Transport București), кои се состои од [[автобуси]], [[трамваи]],тролејбуси и железница. Исто така, постои и приватен минибус систем. Почнувајќи од 2007 година, има лимит од 10.000 такси лиценци кој е намален од 25.000 во 1990тите години, па доколку има зголемана побарувачка,недостатокот, е суплементиран со таксија регистрирани во Илфов.
=== Железница ===
Букурешт е стожерот на националната романска железница, водена од
[[
* Белград (Србија)
* Будимпешта (Унгарија)
* Софија, Варна (Бугарија)
* Кишинау (Република Молдова)
* Киев (Украина)
* Солун (Грција)
* Виена (Австрија)
* Истанбул (Турција)
* Москва (Русија)
Градот, исто така, има пет други железнички станици кои се предводени од КФР, најзначајна е Басараб (во близина на северната станица), Обор, Банеаса, и Прогресу, кои во моментот се интегрираат во железнички систем кои ќе му служи на Букурешт и на околниот Лифов. Седум главни линии се шират надовр од Букурешт.
=== Авиотранспорт ===
[[
Букурешт има два интернационални аеродроми.
* Хенри Коанда интернационалниот аеродром е лоциран 16,5километри северно од букурешкиот центар, во гратчето Отопени, Илфов. Аеродромот има еден терминал кој е поделен на две заемно поврзани градби, едната за слетување, другата за полетување. Таа за полетување содржи 36 чек ин бироа, еден излез со 24 порти (14 се опремени со порти за џет авиони),додека пак главната сала има екстра 4 порти. Градбата за слетување е всушност стариот терминал Отопени,додека пак новата хала за полетување,заедно со портите беше изградена и пуштена во употреба во 1997година. Во март 2001 година, беше отворена експанзија и се предвидуваат други експанзии на халите за слетување и полетување и нов терминал. Аеродромот прими околу 4.917.952 патника во 2010година.
* Аеродромот Аурел Влаику се наоѓа само 8 километри северно од букурешкиот центар, а следниве линии водат кон него: автобусите на РАТБ
=== Патишта ===
[[
Букурешт е исто така главниот крстопат на [[националната романска мрежа на патишта]]. Неколку од најфреквентните патишта и автопатишта, го поврзуваат Букурешт со сите други романски поголеми градови,како и со соседните земји [[Унгарија]], [[Бугарија]] и [[Украина]]. Автопатотот [[А1]] до Питешти, и [[А2 Сун Моторвеј]] до регионот Добруџа и Констанца, започнуваат од Букурешт. Планираните [[А3]] и [[А5]] автопати ќе започнуваат од Волунтари, област во северните маргини на Букурешт.
=== Инфраструктура ===
Основната мрежа на патишта во Букурешт е базирана на серија од булевари кои започнуваат од градскиот центар и се движат кон маргините. Главните оски кои се наоѓаат јужносеверно, источнозападно и севернозападно-јужноисточно, исто како и еден внатрешен и надворешен периметар, го издржуваат сообраќајот. Во текот на шпицот, градските улици најчесто се преполнети со метеж, поради зголемената употреба на автомобили. Секој ден има повеќе од 1 милион возила на улиците на Букурешт,
Вода
Иако се наоѓа на бреговите на река, Букурешт никогаш не функционирал како град-пристаниште,додека пак други романски градови,како [[Констанца]] и [[Галаци], служеа како главни пристаништа на земјата. Како и да е, букурешкиот канал на Дунав,кој е 73километри долг, е во изградба и е завршен околу 60%. Кога ќе се заврши,каналот ќе претставува врска со Дунав и преку [[каналот Дунав-Црно Море]], ќе може да се стигне до [[Црното Море]]. Овој коридор се смета дека ќе биде значаен компонент во транспортната инфраструктура и ќе го зголеми морскиот сообраќај во голема мера.
== Културата во Романија ==
[[
Букурешт има диверзитет на културна сцена,каде што културниот живот се одразува на повеќе сегменти, вклучувајќи [[визуелна уметност]],[[перформанси]]
=== Знаменитости ===
Букурешт има голем број на знаменитости и споменици. Најзначајната е [[Палатата на Парламентот]] изградена во 1980тите години за време на вледеењето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Најголемото здание во Европа,како и второто најголемо здание од овој вид во светот, е дом на [[романскиот Парламент]],како и на [[Националниот Музеј на Современа Уметност]].
Градбата исто така е дом на еден од најголемите центри за спогодби во светот. Уште една значајна знаменитост е Триумфалната Арка([[Arcul de Triomphe]]) која беше изграден во 1935година, и го копира стилот на Триумфалната Арка во [[Париз]]. Нова знаменитост во градот е Мемориалниот Центар на Преродбата кој е стилизиран столб од мермер, откриен во 2005година, за да ја овековечи [[Романската Револуција од 1989година]],која го отфрли комунизмот. Апстрактниот споменик предизвика контроверзии,кога беше откриен, нарекуван со имиња како ,,''маслинка на чачкалица''”. Многу луѓе се противеа на обликот на споменикот кој не одговара со опкружувањето и се верува дека споменикот е базиран врз политички причини.
Ред 122:
Други културни зданија се: [[Националниот Музеј на Уметност]], [[Природнонаучниот Музеј]], [[Музејот на Романскиот Селанец]], [[Националниот Историски Музеј]] и [[Воениот Музеј]].
=== Визуелни Уметности ===
Градот вдомува голем број на музеи ,кои ја вклучуваат класичната и модерната романска уметност, како и повеќе интернационални дела. [[Националниот Музеј на Уметностите]] е можеби еден од најпознатите музеи на Букурешт. Сместен е во поранешната кралска Палата и содржи огромна колекција на средновековна и модерна романска уметност,вклучувајќи дела од скулпторот Константи Бранкуши ,како и значајна интернационална колекција собирана од
[[
Други помали музеи содржат поспецифични колекции. Замбашијан Музејот кој се наоѓа во стариот дом на арменско-романскиот колекционер на уметнички дела, Крикор Х.Замбашија, и содржи голем број на дела од романски артисти,како и од интернационали артисти како: Пол Чезане, Јужин Де ла Кроа, Хенри Матиз, Камил Пизаро и [[Пабло Пикасо]].
[[
Музејот Џорџе Татареску, содржи портрети од романските револуционери во егзил, како што се: Џорџе Магеру, Штефан Голеску, Николае Балческу, и алегорична композиција на револуционерни и патриотски теми (''преродбата на Романија''-1849година, ''основната унификација''-1857година). Музејот Теодор Палади е ситуиран во една од најстарите куќи на трговци
Без оглед на големиот број на галерии за класична уметност и музеи во градот, постои сцена на модерна уметност која станува се попроминентна во последните години. [[Националниот Музеј на Модерна Уметност]] кој е ситуиран во едно крило од Палатата на Парламентот, беше отворен во 2004година, и содржи опширна колекција на романска и интернационална модерна уметност. Горенаведениот музеј е исто дом на Калиндеру Медиа Лаб,која се занимава со мултимедија и експериментална уметност. Има и голем број на помали,приватни галерии наоколу.
Палатата на [[Националната Банка на Романија]] ја вдомува националната нумизматична колекција. Изложбите вклучуваат банкноти, монети, документи,фотографии,мапи, златни и сребрени шипки, златни монети, премази и модли. Зградата беше изградена помеѓу 1884 и 1890година. Ризницата содржи голем број на мермерни декорации.
=== Перформанси ===
[[
[[
Перформансите се едни од главните културни елементи во Букурешт и градот вдомува бројни установи и институции кои се светски признати. Најпознатиот оркестар е [[Националниот Радио орекстар на Романија]]. Една од најзначајните градби е неокласистичкиот романски Атенуем кој бил основан во 1852година, и е дом на голем број касични музички концерти, фестивалот на Џорџе Енеску([[George Enescu]]) и Џорџе Енеску Филхармонијата. Букурешт е исто така дома на романската Национала Опера и Театарот И.Т Карагиеле. Уште еден познат театар во Букурешт е држаниот Еврејски Театар , кој доби на значење во последните години бидејќи таму игра светски познатата романско-еврејска актерка Маја Моргенштер. Исто така има и голем број на помали театри кои одржуваат претстави од специфични жанрови како што се: [[Театарот на Комедијата]], Театарот Нотара,Театарот Буландра, Театарот Одеон и Константин Танасе.
=== Музика и ноќен живот ===
Букурешт е дом е најголемите романски издавачки куќи, и е дом на најголемиот број романски музичари. Музичката сцена е разновидна. Многу романски рок бендови од 70тите и 80тите, како што се [[Ирис]] и Холограф продолжуваат со нивната популарност,особено помеѓу средновековните лица, додека пак во 90тите специфичен призвук и стил се развива во источен Букурешт и неговата [[хип хоп/рап]] сцена. Хип хоп групите и артистите од Букурешт како: Б.У.Г
[[
Еклектичниот поп-рок бенд [[Такси]] уживаше во интернационалниот почит , додека пак Спиталул Де Урџенца го дoживуваше истиот успех во традиционалната романска музика. Додека многу локални клубови пуштаат [[манеле]] (кој е ориентален и ромски инспириран жанр на музика,, популарен во букурешките маала на работничките класи), градот исто така има и силна [[џез]] и [[блуз]] сцена и дури во поголема мера [[хаус]],[[транс]] сцена и хеви метал ,панк сцена. Букурешкиот џез почнал да се издигнува во 2002 година со присуството на два локала, Грин Аорс и Арт Џез,каде што гостуваат популарни американски како и романски артисти. Ноќната сцена во градот најзначајно, неговата клубска сцена,порасна значително во 90тите и продолжила да са развива.
Не постои централно место каде што се ситуирани клубовите. Многу клубови се распространети во околината на градскиот центар. Едни од најпосетените локали се: Лаптариа Еначе, Ла Мотоаре кои се лоцирани на покривот на националниот Театар, како и Ел Градне Команданте и Клуб А. Повеќето клубови и барови се лоцирани во центарот на градот од Плоштадот на Соединивањето, до Романскиот Плоштад. Исто така, голема концентрација на рок клубови се наоѓа во Липсчани, стариот дел на градот во областа на Пиаца Унири. Областа Реџи која се наоѓа во кампусто на Политехничкиот Универзитет, вдомува голем број на клубови и барови кои се ориентирани кон студентската популација.
Градот исто така ги има некој од најдобрите клубови за електронска музика во Европа,како што се: Студио Мартин и Кристал Глем Клаб. За време на летото ,Зум Бич Клаб е најпознатиот отворен клуб на брегот на езерото и има два посбни подума. Д Офис е еден од најексклузивните клубови во Букурешт и има долга традиција на клаберство. Еден од најдобрите коктел клубови во Букурешт е Дежа Ву кој се наоѓа на булеварот Балческу во близина на Италијанската црква. Дрги познати клубови се:
=== Традиционална култура ===
Букурешкиот културен живо,т најзначајно во раните 90ти станува живописен и космополитски. Традиционалната романска култура,како и да е, продолжува да извршува големо влијание на театарот,филмот и музиката. Букурешт има два интернационално познати етнографски музеи, [[Музејот на Романскиот Селанец]], и отворениот [[Селски Музеј]]. Селскиот музеј кој се наоѓа во паркот Херастрау, содржи 272 автентични зданија и селски фарми од цела Романија. Музејот на Романскиот Селанец,беше прогласен за европски музеј на годината во 1996година, и содржи богата колекција на носии,икони, ќерамика и други артефакти од романскиот селски живот.
[[Музејот на Романската Историја]] е уште еден значаен музеј во Букурешт кој содржи колекција на артефакти кои ја опишуваат романската историја и култура од праисториските времиња, Дачијанската ера, средновековните времиња и модерната ера.
=== Културни настани и фестивали ===
[[
Постојат голем број на културни фестивали во Букурешт во текот на целата година, во различни домени иако најголемиот број од фестивалите се одржуваат помеѓу јуни и август. Националната Опера го организира интернационалниот Опера Фестивал, кој се одржува секоја година во мај и јуни,кој вклучува ансамбли и оркестри од целиот свет. Секоја втора година,Романскиот Атенеум го вдомува фестивалот на Џорџе Енеску низ различни локации низ градот. Музејот на Романскиот Селанец и Селскиот Музеј ,во текот на годината организираат голем број на настани, прикажувајќи го романскиот фолклор и уметност.
Во првата деката на 20от век, поради зголемената кинекса популација во Букурешт,
Од 2005 година, Букурешт одржува свое сопствено Биенале за Модерна Уметност, букурешкото Биенале. Следното издание е во 2010година.
=== Религиозен живот ===
Букурешт е центарот на патријархијата на романската [[Православна црква]],една од источноправославните цркви во заедница со патријархот од Константинопол, исто така од нејзините субдивизии, метрополитот од
Букурешт исто така е центар на други религии и култови во Романија, вклучувајќи ја Романската Католичка Организација во Букурешт.
== Архитектура ==
[[
Букурешката архитектура е разновидна поради многу влијанија кои ги претрпел градот низ неговата историја. Градскиот центар е мешавина од средновековно неокласично и арт нуво ([[art nouveau]]) градби како и нео романски градби кои датираат од периодот на почетокот на 20от век и извонредна колекција на модерни зданија од 20тите и 30тите години. Во јужните подрачја доминира архитектура од Комунистичката ера. Неодамна изградените облакодери и деловни објекти го довршуваат разновидниот пејсаж.
=== Исрориска Архитектура ===
[[
Од [[средновековната]] градска архитектура, најголемиот дел ,што преживеа до модерното време, беше уништено или од комунстичката систематизација или одбројните пожари или од воените навлегувања. Сепак некои средновековни и ренесансни градби останале неоштетени и се најчести во регионот Липсчани. Овој регион содржи некои од најзначајните градби како што се: гостилницата на Манук и рушевините нa Куртеа Веќе ([[Curtea Veche]]). Во доцното средновековие, овој регион беше срцето на трговијата во Букурешт. Од 1970година па навака, подрачјето доживеа урбан пад и многу историски градби беа оштетени од забот на времето. Во 2005 година регионот Липсчиани беше комплетно отворен за пешаци и пополека но сигурно се вршат рестарвации.
[[
Градскиот центар ја има задржано архитектурата од доцниот 19ти и раниот 20ти век ,особено од интербелум периодот кој е
Две значајни градби од овој период се: Палатата Кретулеску која моментално вдомува културни институции, вклучувајќи го и Европски Центар за високо образование на УНЕСКО и Палатата Котрочени, моменталното седиште на романскиот претседател. Многу зданија како што се [[Гара Де Норд]], најфреквентната железничка станица во градот, седиштето на Националаната Банка на Романија и телефонската Палата, датираат од овој период.
=== Комунистичка архитектура ===
Поголем дел од букурешката архитектура е составена од градби изградени за време на [[комунистичката ера]], која ја заменила историската архитектура со пренаселени апартмански блокови. Значителен дел од историскиот центар на Букурешт, беше демолиран за да се изгради една од најголемите згради во светот, Палатата на Парламентот ([[Casa Poporului]]). Во проектот на Николае Чаушеску за систематизација, многу нови градби се изградија во претходни историски подрачја, кои беа срамнети со земја и повторно изградени.
[[
Еден од најдобрите примери за овој вид на архитектура е Чентру Сивик ([[Centrul Civic]]), развој кој го замени поглемиот дел од букурешкиот историски центар со огромни комунистички зданија, најчесто обложени со мермерни или плочки од травентин инспирирани од северно-кореанската архитектура. Комунистичката архитектура, може да се најде и во стамбените подрачја на Букурешт,во вид на Блокури кои се густо населени апартмански блокови, во кои е населено мнозинството население.
=== Модерна архитектура ===
Со падот на комунизмот во 1989година неколку зданија од овој период беа преуредени, модернизирани и искористени за други потреби. Можеби најдобриот пример за ова е преуредбата на неколку непотребни продажни комплекси во трговски центри или економски центри. Овие огромни кружни хали, кои беа нарекувани ,,Хали на Гладот”, поради недостатокот на харана во 1980тите, беа конструирани во времето на Чаушеску како обид да се произведат маркети и стоваришта . Многу од нив беа оставени недовршени во времето на револуцијата.
[[
Модерни шопинг молови како Униреа шопинг центарот, Букурешкиот Мол, Плаза Романија, и градскиот Мол ([[City Mall]]) се појавија во веќе постечки структури на овие ,,Хали на Гладот”. Друг пример е модернизацијата и промената на големата комунистичка градба на градскиот плоштад во хотелот Мериот ([[Marriott Hotel]]). Овој процес беше забрзан по 2000година
Најнов придонес за букурешката архитектура
Од 2005година има огромен број на деловни објекти во изградба,особено северните и јужните делови на градот. Исто така, постои и тренд во послендите години,
Покрај градби кои се користат за бизни и институции, некои нови стамбени проекти се во изградба и мнгоу од нив се всушност облакодери, со стаклен екстериер, опкружени од стамбени објекти во американски стил. Овие проекти најчесто можат да се забележат во северните предградија на Букурешт ,кои не се толку густо населени и кои се дом на значителен број на букурештани од средна и висока класа.
== Медиуми ==
[[
Букурешт е најважниот центар за романските медиуми бидејќи е седиштето на сите национални телевизии,како и весници и радио станици. Најголемите дневници во Букурешт се Евениментул Зилеи (''[[Evenimentul Zilei]]''), Журналул Национал(''[[Jurnalul Național]]''), Котидианул(''[[Cotidianul]]''), Романија Либера(''[[România Liberă]]''), Адеварул('' [[
Значителен број на весници и други пишани медиуми се базирани на Каса Пресеи Либере (Дом на Слободниот Печат),која е знаменитост на северен Букурешт, првично именувано како Каса Скантеиј, по официјалниот комунистички весник Скантеиа. Домот на слободниот печат не е единствената букурешка знаменитост која била изведена од комуникациската и медиумската индустрија. Палатул Телефоанерол(Телефонската Палата) беше првата поголема модернистичка зграда на Калеа Викториеи во градскиот центар, а и масивниот незавршен проект од комунистичката ера, [[Каса Радио]] е сместен само еден блок подоле од Операта.
Во 1930тите и повторно во 1990тите години, пишани медиуми на англиски јазик
Обсерватор Културал (''[[Observator Cultural]]'') ја покрива уметноста во градот, и бесплатните неделни весници Шапте Сери и Б24 Фан ги набројуваат сите видови на културни и забавни настани. Градот е, исто така, дом на интелектуалното списание Дилема, сатиричното Академија Кацавенку, како и голем број на економски списанија.
Букурешт беше градот домаќин на четвртото издание на младинската Еврозизија во 2006 година.
== Образование ==
[[
[[
Постојат 16 јавни универзитети на Букурешт, најголеми од нив се [[Букурешкиот Универзитет]] , букурешката [[Економска Академија]], [[Медцинскиот и Фармацевскиот Универзитет Карол Давила]] и [[Политехничкиот Универзитет на Букурешт]]. Овие се надополнуваат со 19 приватни универзитети како што се: Романско-Американскиот Универзитет и Универзитетот Спиру Харет . Во целост има 159 објекти и 34 универзитети. Има поделени мислења за приватните универзитети,поради нерегуларноста во едукациониот процес како и корупцијата. Како и во другите делови на Романија, универзитетите во Букурешт се слабо рангирани во однос на американските и заедноевропските универзитети. Како и да е во последните години во градот, има се поголем број на странски студенти,најчесто од Азија кои доаѓаат за да студираат.
Првата модерна образовна установа беше принцовата Академија на Букурешт, основана во 1694година и поделена во 1864година, формирајќи ги денешниот Универзитет на Букурешт и Националниот Колеџ Свети Сава. Двете се едни од најпрестижните образовни институции во Романија.
Има околу 450 основни и средни училишта во градот и сите се водени од букурешкиот образовен инспекторат. Секој сектор има свој посебен образовен иснпекторат воден од главниот.
== Спорт ==
[[
[[
[[Фудбалот]] е најразвиениот спорт во Букурешт. Самиот град
Исто така, има и голем број на спортски клубови за [[хокеј]], [[рагби]], [[кошарка]], [[ракомет]], [[ватерполо]] и [[одбојка]]. Главнината на романските атлетичари,боксери и гимнастичари е поврзани со клубови во Букурешт. Атлетичарските и гимнастичарските национални шампионати се одржуваат во Букурешт.
Најголемата хала во Букурешт е Сала Поливалента и има капацитет од 60.000 посетители, често се користи за концерти и спортови од затворен карактер како одбојка, егзибиции и претстави.
Ред 304:
[[sl:Bukarešta]]
[[szl:Bukareszt]]
[[ckb:بوخارێست]]
[[sr:Букурешт]]
[[sh:Bukurešt]]
|