Разлика помеѓу преработките на „Дездемона“

Додадени 6 бајти ,  пред 9 години
с
Бот: козметички промени
с
с (Бот: козметички промени)
{{внимание}}
 
'''Дездемона''' е лик во драмата ''Отело'' од [[Вилијам Шекспир]] (с . 1601 – 1604). Таа е убавица од Венеција која го разбеснува и разочарува својот татко , сенаторот на Венеција, кога решава да побегне заедно со Отело ,човек кој е постар од неа неколку години, но и од различна раса. Кога нејзиниот сопруг добива задача да замине на Кипар за да и служи на Венеција,Дездемона го придружува. Таму, Отело е изманипулиран од својот близок соработник Јаго и верува дека Дездемона го изневерува. Во последниот чин Дездемона е убиена од нејзиниот отуѓен сопруг.
 
== Извор ==
[[Податотека:Othellopainting.jpg|thumb|290px|Отело и Дездемона во Венеција од [[Теодор Шасери]] (1819–1856)]]
Изворот за Отело е приказната од 1565 година “ Црниот капетан “ во Ги Хекатомити од Џовани Батиста Џиралди Синтио. Во тоа време немало превод, па голема е веројатноста дека Шекспир ги знаел и италијанската верзија, француската од Габриел Чапи од 1584 година, и англискиот превод во ракопис.
== Улогата во Отело ==
Во првиот чин Дездемона бега со Отело . Пред сите важни луѓе во Венеција таа ја изјавува својата љубов кон Отело и го брани сопствениот избор. Татко и неволно го прифаќа бракот , но го предупредува Отело дека еден ден таа ќе го измами. Кога Отело е испратен на Кипар, Дездемона го придружува заедно со Емилија.
Во вториот чин поручникот Касио е понижен и лишен од милоста на Отело. Јаго успева да го изигра и него но и Отело, кажувајќи му дека Дездемона го изневерува со Касио. Многу критичари сметаат дека всушност таткото на Дездемона е тој што прв го поттикнува сомнежот “ Внимавај на неа Мавру , ако имаш очи да гледаш. Таа го измами татка си , па може и тебе . “ (1.3). Сигурноста и довербата се тие кои ја водат Дездемона но и огромната љубов кон Отело. Но, сепак големата страст на таа љубов го буди сомнежот и го разлутува нејзиниот сопруг што додава дополнителен страв и сомнеж.
Кога Емилија го наоѓа марамчето, му го дава на својот сопруг, кој и забранува да и спомене нешто на Дездемона и го остава марамчето во собата на Касио. Најпосле , Отело го гледа Касио со марамчето и го гледа тоа како потврда за неверството на Дездемона. Таа е загрижена бидејќи го изгубила марамчето, но сепак не верува дека тоа ќе го разлути Отело. Таа е збунета од неговото однесување , дури и јавно ја навредува дека е нечесна жена. Дездемона е длабоко вознемирена од неговото однесување , но сепак продолжува да ја брани својата љубов . Во последниот чин Отело и кажува дека знае за нејзиното неверство и дека ќе ја убие. И покрај изјавите на Дездемона за нејзината невиност, Отело одбива да и верува , кога и соопштува за смртта на Касио, таа се расплакува. Отело се разбеснува и ја гуши , игнорирајќи ги нејзините молби за милост. Кога Емилија влегува во собата, Дездемона се крева , иако е слаба , да го одбрани Отело , и потоа умира.
 
== Етимологија ==
Името Дездемона доаѓа од грчките зборови δυσ + δαίμων што значи “ преодредена на пропаст “ . Леоне Теисанди забележува дека токму така и Отело ја гледа Дездемона нарекувајќи ја “ девојка со лоша судбина “. Исто така може да се забележи дека во средината на нејзиното име има “ демон “ односно ѓавол , што може да алудира на тоа што таа навистина е , или како Отело , чие име исто така го содржи зборот “ hell “ или пекол , навистина ја гледа својата сопруга .
 
== Дездемона : Верната жена на Отело ==
Отело е исто така и уникатна трагедија која се фокусира на уништување на љубовта преку сексуална љубомора . Од друга страна , Отело е вистински романтичар затоа што е многу емотивен. Се поставува прашањето ,како Дездемона му станала жена. Дали поради неговиот авантуристички начин на живот и егзотичното потекло? Или таа се заљубува во него поради тоа што е благодорен и моќен? Во првиот чин, во третата сцена му кажува на својот татко Брабанцио дека се заљубила во карактерот на Отело и во прекрасните приказни кои тој ги кажувал за неговиот живот. Која и да е причината , Дездемона е претставник на невиноста , вистината и добрината во драмата . Таа вистински ја претставува добрината и ведрината на “ вистинската љубов “ . Нејзиниот татко , кој е вознемирен од нејзиниот избор на сопруг , инсистира таа да се откаже од љубовта и да се покори на неговите желби .
Дездемона му кажува на Брабанцио колку го сака (чин 1 , сцена 3) :
Дездемона ја претставува чистотата , ведрината и вистината во драмата.Нејзината трагедија е дело на злобниот , ѓаволски ум на Јаго. Тој си игра со Дездемона , нашиот трагичен лик , таа му служи како инструмент за уништување . На крајот , Отело си ја согледува фаталната , смртна грешка и се искупува преку љубовта кон Дездемона кога си ја согледува ужасната грешка , и си го враќа верувањето во својата сопруга. Но веќе е предоцна.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Дела од Вилијам Шекспир]]
[[Категорија:Личност]]
 
[[es:Desdémona (Otelo)]]
[[en:Desdemona]]
[[es:Desdémona (Otelo)]]
[[ml:ഡെസ്ഡിമോണ (ഒഥല്ലോ)]]
[[ja:デズデモーナ]]
170

уредувања