Проект Венус: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox organization |name = Проект Венус |image = |size = |motto = Над политиката, сиромаш...
 
с Бот: козметички промени
Ред 22:
Според Фреско, сиромаштијата, криминалот, корупцијата и војната се резултат на оскудноста која ја создава сегашниот светски економски систем кој се базира на профит. Тој теоризира дека мотивот на профит исто така го кочи напредокот на техонологијата корисна за општеството. Фреско тврди дека напредокот на технологијата, кога би бил ослободен од профитабилноста, би овозможил повеќе ресурси да бидат достапни на повеќе луѓе, создавајќи обилност од производи и материјали. Според Фреско, овој новопронајден свет на обилност на ресурси би ја намалил човековата тенденција кон индивидуализам, корупција и алчност, и би се базирал на тоа луѓето да си помагаат едни на други. Фреско верува дека сега е возможно да се создаде општество во кое „човечките животи би биле подолги, поздрави и би имале повеќе значење.“ Фреско верува дека монетарниот систем и процесите поврзани со него, како што се работата и конкуренцијата, само му штетат на општеството и ги кочат луѓето и нивните вистински потенцијали. Тој вели дека неговите идеи би донеле максимални придобивки за сите. Тој тврди дека дел од неговите идеи произлегле од неговиот живот за време на Големата Депресија. Фреско верува дека сегашниот глобален економски систем ќе помине низ голема криза пред луѓето да почнат да губат доверба во монетарниот систем и да почнат да гледаат во други насоки. Основата на проектот е она што Фреско го нарекува „економија базирана на ресурси“. Ваквиот систем ги користи постоечките ресурси, а не парите, и со нив создава соодветен метод на дистрибуција на најхуман и најефикасен начин. Тоа е систем во кој сите стоки и услуги се достапни за сите без употреба на пари, кредити, трампа или каков било друг вид на задолжување или слугување.
 
== Економија базирана на ресурси ==
Економијата базирана на ресурси би ја отстранила потребата од сегашната монетарна економија, која е ориентирана/базирана на оскудност. Фреско вели дека планетата е богата со природни ресурси и енергија, и дека со модерната технологија и ефикасни проценки, потребите на светската популација би биле исполнети со обилност, истовремено отстранувајќи ги границите на она што се смета за возможно заради економските можности.
 
Ред 31:
Една од клучните точки во решението на Фреско е дека без условите создадени од монетарниот систем, нема залудно да се трошат големи количини ресурси. Наместо ова, Фреско вели дека без трошење на ресурси за цели кои се неважни, нема да постои оскудност на потребните продукти како храна и образование (енвиронментализам - учење за животната средина).
 
== Цајтгајст движење ==
Проектот Венус опширно беше опфатен во документарецот Цајтгајст: Додаток од 2008, како можно решение за глобалните проблеми објаснети во првиот филм и првата половина од вториот филм. Филмот ја имаше својата премиера на петтиот годишен Артивист филмски фестивал во Лос Анџелес, Калифорнија, на 2ри октомври 2008, освојувајќи ја највисоката награда, и беше пуштен бесплатно на интернет на Google Video на 4ти октомври 2008. По филмот беше создадена организација наречена Цајтгајст движење, која ги промовира целите на проектот Венус. Во 2011 беше објавен и трет филм, наречен Цајтгајст: Чекор напред.