Разлика помеѓу преработките на „Наце Буѓони“

Одземен 1 бајт ,  пред 9 години
с
Бот: козметички промени
с (Брзо додавање категорија Скоевци (со користење на HotCat))
с (Бот: козметички промени)
'''Наце Кралев Ивановски - Буѓони''' ({{роден во|Куманово}}, {{роден на|||1919}} - [[Белановце]], {{починат во|Кумановско}}, {{починат на|14|октомври|1941}}) е македонски партизан.<ref>{{цитирана книга|last=Mara Naceva|title=Kumanovo i Kumanovsko vo NOV 1941-1942: (materijali od Naučniot sobir održan na 12, 13 i 14 dekemvri 1978 godina)|publisher=Opštinski odbor na Sojuzot na združenijata na borcite od NOV--Kumanovo|date=1979}}</ref>
 
== Биографија ==
 
Буѓони е роден е во [[1919]] година во [[Куманово]]. Потекнува од сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште, во [[1932]] година го изучил ковачко-коларски занает. Во [[1935]] година го завршил занаетчиското училиште. Во [[1934]] се вклучил во напредното работничко движење кога станал и член на Металската синдикална подружница. Се дружел со напредни младинци од градот и станува постојан посетител на Работничкиот дом каде за првпат слушнал за експлотацијата на работникот и за [[буржоазија]]та. Читал работнички весници и напредна литература, посебно книги со социјална тематика. Истата година станал член на воспитно-младинската група. Во работничкиот дом ги посетувал предавањата и ги слуша разговорите на постарите комунисти и оние што раководеле со Урсовите синдикати во градот. Во [[1938]] година станува член на [[СКОЈ]] и член на скоевската група раководена од [[Боро Петручевски - Папучар]]. Работел на придобивање млади луѓе и нивно вклучување во напредното движење, особено меѓу чираците и калфите од градот и селата. Во [[1938]] година на денот на парламентарните избори зел учество на демонстрациите, а во [[1940]] година учествувал во акцијата за пишување пароли во градот, организирана од Месниот комитет на Партијата. Поради тоа бил затворен, но наскоро ослободен поради недостиг на докази. Учествувал во повеќе акции, вперени против Љотикевската фашистичка организација. По окупацијата на МАкедонија во [[1941]] година учествувал во поедини акции организирани од Партиска организација, како на пример: во уништувањето на архивата на административно-полицискиот апарат на предвоена Југославија, за да не падне во рацете на окупаторот, во собирната акција на храна и облека за воените плници сместени во германскиот логор во Куманово и др. Особена активност пројавува во подготовките за формирањето на првите кумановски партизански одреди- Козјачкиот и Карадачкиот. На [[11 октомври]] [[1941]] година станува борец на Карадачкиот одред. Загинал на [[14 октомври]] [[1941]] година во реонот на селото [[Белановце]] при борбата на Карадачкиот партизански одред против многубројната и подобро вооружена бугарска окупаторска војска и полиција.
 
[[Категорија:Кумановци]]
 
[[Категорија:Учесници во НОБ]]
 
[[Категорија:Македонски партизани]]
 
[[Категорија:Скоевци]]
170

уредувања