Мустафа II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
Во [[1699]] бил потпишан Карловицкиот мировен договор со кој на [[Венецијанска република|Венеција]] и припаднале [[Пелопонез]] (Мореја) и [[Далмација]], Австрија ги добила Унгарија и [[Трансилванија]], Полска – Подолија. Со договорот од [[Константинопол]] во [[1700]], на [[Руска Империја|Русија]] и бил отстапен Азов.
 
По војната, Мустафа живеел претежно во [[Едрене]], каде што се занимавал со лов. Во август [[1703]] година, против него во [[Цариград]], започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите. Бунтовниците организирале поход на [[Едрене]]. Во борбата на бунтовниците со владините трупи, вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат [[Ахмед III]]. По четири месеци поранешниот султан умрел (можно е да бил отруен).
 
{{Отомански султани}}