Цајтгајст: Додаток: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox film | name = ''Цајтгајст: Додаток'' | image = | director = Питер Џозеф | producer = Питер Џозеф | music = ...
(нема разлика)

Преработка од 01:08, 16 јуни 2011

Цајтгајст: Додаток, е документарен филм од 2008, кој е во продукција и режија на Питер Џозеф, и е продолжение на филмот Цајтгајст од 2007. [1][2] Цајтгајст: Додаток во 2011 доби свое продолжение наречено Цајтгајст: Чекор напред.

Цајтгајст: Додаток
РежисерПитер Џозеф
ПродуцентПитер Џозеф
МузикаПитер Џозеф
МонтажаПитер Џозеф
ДистрибутерGMP LLC
Премиераоктомври 2008
Времетраење123 минути
Јазиканглиски

Синопсис

Филмот започнува и завршува со извадоци од говор на Џиду Кришнамурти. Во останатиот дел од филмот наратор е Питер Џозеф и филмот е поделен на четири дела, [4] од кои секој е најавен со напишан цитат од познат научник: Кришнамурти, Џон Адамс, Бернард Литаер и Томас Пејн, соодветно.

Прв дел

Првиот дел вели дека парите се најкорозивната општествена традиција и објаснува како монетарниот систем и неговите политики во САД преку банкарскиот систем на процентуални резерви, како што е прикажано во памфлетот „Модерна механика на парите“. При појаснувањето, првиот дел објснува како создавањето пари е всушност размена помеѓу Владата и централната банка (Федералниот Трезор во САД), и како тоа создава повторувачки циклус на камата и инфлација, донесувајќи заклучок дека парите и долгот се меѓусебно поврзани и растечки.

Втор дел

Вториот дел прикажува итервју со Џон Перкинс, автор на Исповед на еден економски платеник, кој ја објаснува својата улога во олеснувањето на потчинувањето на латино-американските економии од страна на мултинационалните корпорации, вклучувајќи го и уделот на Владата на САД во надвладувањето и подоцна, назначувањето на повеќе латино-американски претседатели. Перкинс тврди дека постојат три чекори потребни да се освои една нација:

  1. Наметнување на долгови кои е навозможно да се исплатат,
  2. Користење на Меѓународниот Монетарен Форд (ММФ) или Светската Банка да ја присили таа држава да се обиде да изнајде начин за исплаќање на долгот преку договори кои резултираат со девалвација на валутата, достапност на суровините по ниска цена, продажба на јавните сервиси на странски корпорации, поддршка при конфликти во странство итн. Доколку овие чекори не успеат, втората мерка е соборување на владата, преку атентати, иссценирани протести и давање мито. Историјата на Гватемала, Еквадор, Панама, Венецуела и Шахот на Иран се користат како веродостојни примери за економското потчинување.
  3. Како последна мерка се праќа војската за да го собори режимот, а Ирак е прикажан како еден од овие случаи.
Трет дел

Третиот дел не’ запознава со Жак Фреско и Проектот Венус, и ја истакнува потребата од надминување на сегашните социо-економски парадигми. Фреско вели дека слободниот пазар и капитализмот не овозможуваат ефикасност, изобилство ниту човечки напредок, туку наместо тоа поттикнуваат вештачко создавање на оскудност со цел зголемување на профитот, поттикнување на технолошки развој кој не е оптимален со цел да се задржи цикличната потрошувачка, интересите на луѓето се ставаат како втори, под финансиската добивка, и се создава загадување на природата и други форми на деградација на околината со цел да се заштедат пари при работата.

Фреско изјавува дека капитализмот ги повторува состојбите со кои тврди дека се справува, затоа што проблемите се решаваат само доколку од нив може да се создаде профит, и доколку може да се создадат повеќе пари со повторување на проблемот наместо со негово решавање, проблемот ќе биде повторуван.

Четврт дел

Четвртиот дел ја разгледува идејата за сите поголеми социјални проблеми и како тие се резултат на широко распространетата неукост и непознавање на двата концепти – концептот на произлегување и на симбиоза – а таа неукост е одржувана од политичките, монетарните и религиските институции. Четвртиот дел прикажува космополитски став, и вели дека човечките општества се дел од независен универзум. Укажува на повеќе средства за општествена промена, преку ненасилно бојкотирање и едукација, со цел да се спротивставиме на ригидните општествени институции.

Филмот завршува со дел кој ги прикажува актерите како членови во многу брз и динамичен модерен свет, кои одеднаш застануваат сред своите секојдневни активности и започнуваат да се откажуваат од различни симболични предмети од областа на бизнисот, религијата и општо материјализмот.

Прием од јавноста

Њујорк Тајмс изјави дека Питер Џозеф ја опишува мисијата на неговото движење како „примена на научниот метод за општествена промена) и дека неговите филмови Цајтгајст (2007) и Цајтгајст: Додаток (2008) ги гледале над 50 милиони луѓе насекаде низ светот. Тие исто така истакнаа дека додека првиот филм бил познат по своите обвинувања дека нападите на 11ти септември биле договорени одвнатре, вториот филм „не содржи такви теми за заговор, насочувајќи ги своите реторички и високопродуктивни вредност кон замена на злото од банкарскиот систем и штетната економија која содржи оскудност и долг.“

Извори на материјал

[1]