Човечка комедија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
Неговиот брз успех и брз пад се условени од неговиот талент, но и недостиг на упорност. Балзак го претставил со живи бои моралниот пад на новинарот Лисјен.
 
'''Стариот Гранде''' е олицетворение на скржавост. Светот во кој владее Гранде е светот на банкари и газди. Тие се собираат во неговата куќа како волци околу плен, а пленот е неговата ќерка Евгенија, единствената наследничка на неговите милиони. Гранде без грешка предвидува потези кога е во прашање заработувачката. Сјајот на златото волшебно делува врз него.
 
Гранде и неговата ќерка живеат затворен живот: старата слугинка, слепо верна на својот господар, будно внимава на секое парче шеќер кое се става во чајот. Но, овој мирен живот наеднаш го потресува необичен случај: нивниот осиромашен роднина Шарл доаѓа кај нив, и со својата убавина и париска облека остава силен впечаток на Евгенија, која се вљубува во него. Евгенија му ги дава на Шарл своите пари, а тој заминува за [[Индија]] во потрага по среќата, заколнувајќи ѝ се на Евгенија на вечна љубов.
 
Стариот Гранде кога дознал за ова побеснел, и доаѓа до страшни сцени, а госпоѓата Гранде умира. Наскоро потоа умира и самиот Гранде, а Евгенија станува сопственик на дваесет милиони. Во меѓувреме, Шарл се збогатил и се оженил со некоја маркиза, а Евгенија која со години се надевала на неговото враќање, на крајот се мажи со некој си Кришо, без никаква љубов.
 
Последните моменти од животот на Гранде оставаат потресен впечаток. На смртната постела, речиси без свест, неговиот поглед живнува пред сребрениот крст на свештеникот, а последниот напор пред да го снема животот во него, бил несвесниот обид да го земе крстот од рацете на свештеникот.
 
'''Женските ликови''' кај Балзак имаат нешто ново. Со векови жената била украс, додаток на животот, додека кај Балзак животот на =ената има смисла, свој животен пат, исто како и кај мажот.
 
== Наводи ==