Човечка комедија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
'''Ежен де Растињак''' е најтипична негова личност, која се појавува во 28 дела. Авантуристичкиот дух, жедта за случки и слава, кои во средниот век наоѓале задоволување во разбојништвото и витешките походи, во епохата на големите градови нашле друг пат: го освојуваат светот под заштита на законот и обичаите. Растињак е таков освојувач. Неговата истрија е историја на воодушевувања купени по цена на понижувања, историја на материјални победи кои се платени со тешки компромиси. Тоа е епопеја на ефемерна среќа и морален пад, нова форма на старата приказна за [[Фауст]], кој ја продава душата за среќа и богатство.
 
Растињак е потомок на осиромашено старо семејство. Доаѓа во [[Париз]] да учи право. Во собите за издавање на госпоѓа Вокер, судбината го доведува во врска со избеганиот затвореник Вотрен и стариот чудак, чичкото Горио. Неговото потекло му ја отвора вратата од салонот на виконтесата де Босеан, каде се собира парискиот крем, и Растињак станува центар во кој се сплетува спојот меѓу раскошниот дворец од рпедградието на Сен-Жермен и наместените соби во улицата Женевјева.
 
'''Жан-Жоашен Горио''', фабрикант, тивок и повлечен има две ќерки, кои безумно ги сака. Им дал по осумстотини илјади франци за мираз, ги омажил за аристократи: едната станала грофица, другата баронеса. За себе задржал малку. Но аристократскиот живот под веселата надворешност кријат многу трагедии. Кочиите на грофицата и баронесата често запирале пред вратите на наместените соби на госпоѓа Вокер, и накитените ќерки на седиот Горио со солзи во очите ги барале од татко си остатоците од неговата заштеда. А старецот со солзи во очите им давал сè што имал, и сè посиромашно станувало неговото живеалиште, сè пожална неговата облека.
 
И ќерките му враќаат со оној ужаасен егоизам, со она немилосрдно несфаќање на човечката несреќа кое е можно само во париските кругови. Умрел како просјак, и го закопале двајца сиромашни студенти на свој трошок. Умирајќи, ги викал своите ќерки, викал како безумен, час ги проколнувал, час нежно молел за прошка, а на градите го притискал медаљонот во кој чувал прамени од нивната коса. Но, тие не дошле: биле зафатени со своите подготовки за на бал.
 
Балзак од ликот на Горио направил не само отфрлен родител, туку и симбол на татковска слепа љубов. Таа љубов е себична и до таа мера тиранска, што ја извитоперува целата негова личност. Стариот Гранде („[[Евгенија Гранде]]“) е скржавец, баронот Ило („[[Роднината Бети]]“) е развратник, и заедно со стариот Гориот сите се робови на своја страст која ги согорува, но во исто време дава нешто маченичко во нивните ликови.
 
'''Лисјен''' е јунакот на „Изгубени светови“, убав и талентиран, кој доаѓа од провинција да си ја бара среќата во Париз. И неговата кариера започнува со понижувања. Тој се наоѓа пред истата дилема како и Растињак: да оди по бавниот чесен пат или по патот на брз успех со ефтина популарност. Тој го избира вториот.
 
Неговиот брз успех и брз пад се условени од неговиот талент, но и недостиг на упорност. Балзак го претставил со живи бои моралниот пад на новинарот Лисјен.
 
'''Стариот Гранде''' е олицетворение на скржавост. Светот во кој владее Гранде е светот на банкари и газди. Тие се собираат во неговата куќа како волци околу плен, а пленот е неговата ќерка Евгенија, единствената наследничка на неговите милиони.
 
Гранде и неговата ќерка живеат затворен живот: старата слугинка, слепо верна на својот господар, будно внимава на секое парче шеќер кое се става во чајот.
 
== Наводи ==