Разлика помеѓу преработките на „Натурализам“

Додадени 387 бајти ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
с
'''Натурализам''' е уметнички правец кој тежнее кон верно прикажување на стварноста, насочувајќи го вниманието кон надворешни детали и кон она што не е убаво. Во литературата, натурализмот го потиснува реализмот и како правец доминира во Европа во последните децении од 19 век.
 
==Идеја и претставници==
Зачетоците на теоријата на овој правец ги забележуваме во теоретското дело на [[Иполит Тен]], во неговите поставки за раса, средина и момент, но во поразвиена програмска форма. Најголема улога во оформувањето на натурализмот имал [[Емил Зола]], кој во духот на [[позитивизам|позитивизмот]] и [[Теновата естетика]], учењето за човековата одреденост од наследството и околината го пренел во областа на [[роман]]от, заземајќи се за примена на научни методи во книжевноста. Натуралистите го прикажуваат фатализмот на наследното (од расата и средината), како и фотографска верност на животот.
 
Во Германија: [[А. Холц]], [[Г. Хауптман]].
Во Италија - се развил како правец по име [[веризам]].
 
Интересно е дека во [[Франција]], литературните групи блиски на францускиот натурализам го избегнувале тој термин и се претставувале себеси како реалисти. Сепак, [[Ги де Мопасан]] се вбројува во натуралистите.
 
==Наводи==
*[http://www.wsu.edu/~campbelld/amlit/natural.htm Article on American literary naturalism]
 
[[Категорија:Правци во уметноста]]
[[Категорија:Реализам]]
 
[[Категорија:Реализам]]
[[Категорија:Правци во уметноста]]
[[Категорија:Литературни правци]]
 
[[ar:الطبعانية]]