Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Amacos (разговор | придонеси)
с Факт можеш да бараш за секој збор на статијата оти никаде нема извор. Но, тоа истото го пишува и на БГ вики.
Pakko (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Solunska-gimnaziya.jpg|мини|300п|дeсно|Солунската машка гимназија во 1900 година]]
 
'''Машката гимназија "[[Св. Кирил и Методиј]]" во [[Солун]]''' била еден од највлијателните образовни центри на територијата на [[Македонија|етничка Македонија]] и [[Тракија|Источна Тракија]]. Основана е во [[1880]] година во [[Солун]] од страна на преродбеникот [[Кузман Шапкарев]] каде и опстојува под името '''Солунска българска мъжка гимназия "св. Кирилъ и Методия"''' до [[1913]] година. Потоа преместувана е неколку пати во [[Струмица]], [[Штип]] и [[Петрич]]. Денес се наоѓа во [[Благоевград]], [[Пиринска Македонија]] и го носи името '''Национална хуманитарна гимназија „Свети Кирил и Методиј“''' (''Национална хуманитарна гимназия „Свети Свети Кирил и Методий“'').
 
Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот [[Кузман Шапкарев]], тука своевремено работеле и предавале и [[Васил Канчов]], [[Григор Прличев]] и [[Константин Величков]]. Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат [[Гоце Делчев]], [[Даме Груев]], [[Тодор Александров]], [[Андреј Љапчев]], [[Иван Михајлов]], [[Антон Кечкаров]] и голем број на други видни личности од [[Историја на македонскиот народ|македонската]] и [[Бугарија|бугарската историја]].
Ред 7:
Покрај учители од Македонија и Бугарија во гимназијата предавале исто така и [[Турци]], [[Руси]] и [[Французи]], а се изучувале и [[Латински јазик|латински]], [[Старогрчки јазик|старогрчки]], [[Турски јазик|турски]] и [[Француски јазик|француски јазик]].
 
Во гимназијата често избувнувале конфликти помеѓу национално свесните учители и ученици [[Македонци]] со поддржувачите на [[Бугарска Егзархија|Бугарската Егзархија]] и [[Бугари|бугарските]] учители поради македонската идеја за отпочнување борба за ослободување на [[Етничка Македонија|Македонија]] од [[Отоманска империја|Османлии]]те и создавање автономна држава Македонија {{fact}}. Ваквата идеја била во спротивност на стремежите на Бугарската Егзархија за припојување на Македонија кон Бугарија и претопување на Македонците во Бугари.