Еволуција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: li:Evolutie
дополнување
Ред 8:
Во обичниот говор зборот "еволуција" често се користи означување на модерната синтеза на еволуцијата, вклучувајќи ја и [[Теорија|теоријата]] дека сите различни видови имаат еден заеднички предок. Исто така, зборот се користи за да се опишат механизмите што дејстуваат при промената на населението.
 
== Наследност ==
{{Никулец од областа на биологијата}}
 
Наследувањето кај организмите настанува по пат на дискретни белези - карактеристичните црти на еден организам. На пример, кај луѓето, бојата на очите е наследен белег кој единките го наследуваат од еден од своите родители. Наследните белези се контролираат од гени, а целосниот збир на гени во рамките на [[геном]]от на дадена единка се нарекува [[генотип]].
 
Целосниот збир од видливо изразени белези кои ја сочинуваат структурата и однесувањето на дадена единка се нарекува [[фенотип]]. Овие белези се плод на заемодејството меѓу генотипот и неговата околна средина. Како последица на ова, не секој аспект од фенотипот на еден организам е наследен. Тенот на кожата е резултат од заемодејството на човечкиот генотип со сончевите зраци, а не е наследен белег. Луѓето, меѓутоа, реагираат различно на сончевата светлина, што се должи на разлики во нивниот генотип. Негативен пример во оваа смисла се луѓе кои го наследиле белегот [[албинизам]] - тие не добиваат тен и се особено чувствителни на изгореници.
 
Гените се делови во молекулата на [[ДНК]] кои содржат [[генетска информација]]. ДНК претставува долга молекулска низа, изградена од четири типови на [[База (хемија)|бази]]. Во различните гени редоследот на бази е различен. Начинот на кој базите се распоредени во редица е всушност кодот на генетската информација. Во клетките, долгите ДНК нишки се врзуваат со белковини и образуваат структури наречени [[хромозом]]и. Местоположбата на даден ген во еден хромозом се нарекува [[локус]]. Ако низата од ДНК во еден локус е различна кај секоја одделна единка, различните форми на овој распоред се нарекуваат [[алел]]и. Низата од ДНК може да се менува при [[Мутација (генетика)|мутација]], со што се создаваат нови алели. Ако мутацијата се случи во еден ген, новиот алел може да покаже влијание врз белегот кој се контролира од овој ген, што од своја страна води кон промена на фенотипот на организмот. Додека во некои случаи врската е проста (еден алел контролира еден белег), сепак почесто белезите се комплексни и се контролирани од мноштво заемодејствувачки гени.
 
[[Категорија:Еволутивна биологија]]