Селим I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
 
Селим, со успешните кампањи на освојување против Сирија и Египет, направил пат до светите, за секој вистински муслиман, градови [[Мека]] и [[Медина]]. Така, тој освоил големи признанија како водач и бранител на исламскиот свет. Тоа било признание за неговите големи воени достигнувања а не помалку и за големиот верски фанатизам како сунитски муслиман.
 
== Последни години==
 
Селим I повеќе не бил нарекуван мрачен, туку ''Храбар'' и ''Жесток''. Под негова власт [[Отоманската Империја]] станала признат лидер на муслиманскиот исток, а империјата многу години понатаму не се соочувала со силни вооружени конфликти. Во последните години од својот живот султанот Селим I најчесто сонувал за освојување на [[Западна Европа]] и [[Медитеран]]от. Во [[1520]] тој потпишал воен сојуз со познатиот магребски пиратски адмирал, Барбароса, за подготовка на инвазија на турската армија во [[Шпанија]]. Пиратите од [[Магреб]] (модерните [[Алжир]], [[Мароко]] и [[Тунис]]) биле сојузници на Отоманската империја во војните против европските христијански држави.
 
 
{{Отомански султани}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Селим_I