Селим I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
Султанот на мамелуците, [[Гансу ал-Гаури]], се подготвувал за инвазија врз Османлиите од градот Алеп. Тој собрал 30000-на коњаница, и ја поставил на 16 километри северно од [[Алепо]] во [[Мерџ Дабик]]. Околу половина од коњаниците биле [[Мамелуци]], а останатите биле арапски коњаници. Султанот немал ниту артилерија ниту пешадија. Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 – јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија. Во [[јули]] [[1516]] година Селим I, извршил ненадејна инвазија на [[Сирија]]. Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал агресивна кампања, овој пат против [[Египет]], кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во [[октомври]] [[1516]] година Османлиите го освоиле градот – тврдина [[Газа]], а со тоа го отвориле патот кон [[Нил]] и египетската престолнина.
 
Во [[јануари]] [[1517]] година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на [[Каиро]]. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски. На [[22 јануари]] под ѕидините на Каиро, се водела тешка борба која одлучила за судбината на Египет во наредните векови. Египет бил освоен од Отоманската империја. Така отоманските владенија се прошириле не само на [[Балкан]]от во [[Европа]] туку и во [[Азија]], но и во [[Северна Африка]]. Шиитска Персија, која ги изгубила сите свои сојузници, иако имала побројна, но слаба армија, не можела да одолее. Воинствениот султан Селим I, за кратко време кон неговата држава присоединил голем дел од [[Мала Азија]], и свечено себеси се прогласил себеси и за египетски султан и калиф.
 
== Мека и Медина ==
 
Селим, со успешните кампањи на освојување против Сирија и Египет, направил пат до светите, за секој вистински муслиман, градови [[Мека]] и [[Медина]]. Така, тој освоил големи признанија како водач и бранител на исламскиот свет. Тоа било признание за неговите големи воени достигнувања а не помалку и за големиот верски фанатизам како сунитски муслиман.
 
{{Отомански султани}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Селим_I