Селим I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
 
Султанот не успеал да ја повтори персиската кампања, иако имал намера да го направи тоа повторно. Дознавајќи дека арапските земји, [[Египет]] и [[Сирија]] се придружиле на воениот сојуз на персискиот шах, Селим решил да превземе соодветни дејствија против непријателот на Отоманската Порта.
 
== Војна со Мамелуците==
 
Султанот на мамелуците, [[Гансу ал-Гаури]], се подготвувал за инвазија врз Османлиите од градот Алеп. Тој собрал 30000-на коњаница, и ја поставил на 16 километри северно од [[Алепо]] во [[Мерџ Дабик]]. Околу половина од коњаниците биле [[Мамелуци]], а останатите биле арапски коњаници. Султанот немал ниту артилерија ниту пешадија. Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 – јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија. Во [[јули]] [[1516]] година Селим I, извршил ненадејна инвазија на [[Сирија]]. Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал агресивна кампања, овој пат против [[Египет]], кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во [[октомври]] [[1516]] година Османлиите го освоиле градот – тврдина [[Газа]], а со тоа го отвориле патот кон [[Нил]] и египетската престолнина.
 
Во [[јануари]] [[1517]] година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на [[Каиро]]. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски.
 
{{Отомански султани}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Селим_I