Селим I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
 
- [[1517]] година [[Мека]] и [[Медина]]
 
== Рани години ==
 
Селим бил син на турскиот султан [[Бајазит II]]. Кога султанот Бајазит II почнал да му укажува јасна предност на својот втор син, Ахмед, Селим се исплашил за својата иднина. Балканскиот намесник на османлискиот султан се побунил, и на чело на мала армија храбро марширал кон [[Истанбул]]. Најверојатно, Селим се надевал дека бунтовниците во главниот град ќе го поддржат, но згрешил. Во битката, неговиот татко [[Бајазит II]], кој предводел огромна војска, лесно го поразил Селим, и тој морал да избега во Кримскиот ханат, каде на султанот му било тешко да го зароби. Во северниот регион на [[Црно Море]] меѓу [[Кримски Татари|Кримските Татари]] бегалецот решил да исплива од тешките времиња и повторно да ја започне борбата за своето наследство. Во [[1512]], султанот Бајазит II направил редок чекор меѓу монарсите на светот: тој доброволно абдицирал од [[Висока Порта|Високата Порта]] и, за да избегне војна, ја предал власта на синот Селим.
 
== Доаѓање на власт ==
 
Враќањето на Селим од [[Крим]] до [[Константинопол]], наликувало на воен триумф. Новиот султан Селим I одговорил на великодушноста на својот татко, со наредба да се убијат сите машки роднини, кои би можеле да го загрозат неговиот престол. За ова тој го заработил прекарот – ''Јавуз'', што на турски значи “''мрачен''.”
 
== Војна со Персија ==
 
Потоа султанот Селим, како побожен сунитски муслиман, почнал насилно да воспоставува единствена исламска религија во [[Османлиската империја]]. По наредба на султанот во земјата загинале повеќе од 40.000 Шиити, а нивниот имот бил ограбен. Многу Шиити морале да побараат засолниште надвор од империјата. Гонењето на Шиитите неизбежно довело до војна меѓу Османлиската Империја и [[Персија]].
 
Во јуни [[1515]] Селим тргнал со војска од 60.000 да изврши инвазија врз Персија. Селим имал голема и добро вооружена коњица, пешадија, опсадна и тешка артилерија. Пешадијата била вооружена со огнено оружје, иако мошне примитивно. Инвазијата на Персија започнала во [[Сивас]]. Турската војска преку [[Ерзурум]] дошла до горниот тек на реката [[Еуфрат]]. Персијанците ја користеле против тактиката „''изгорена земја'' “, која не ги дала саканите резултати. Турците слободно пристапиле на градот Хој, околу кој персискиот Шах собрал многуилјадна коњаница од ориентален тип. На [[23 август]] на источниот брег на реката [[Еуфрат]] кај Халдиран, Отоманците се судриле во битка со 50.000 персиска војска, на која лично и командувал шахот Исмаил.
 
{{Отомански султани}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Селим_I